08-11-2019

Со отворено досие и неколку хитови зад нив, загребското дуо 30 Zona веќе го запечати своето место на трап сцена. Shin и Galaš доаѓаат за прв пат во Македонија, а очекуваме атмосфера во која ќе заборавите дека сте на Taksirat Festival #21 и ќе се осетите како на утакмица: ФК „Илинден“ – Долнени со ФК „Пелагонија“ – Логоварди.