05-12-2019

„Обично пред објавување ја пуштам музиката на луѓе со критичко мислење, ако помине кај нив, најверојатно ќе пројде и кај публиката“, споделува Војко В, кој на 7-ми декември ќе настапи на главната вечер на Таксират. 

Годинава за прв пат бевте во Македонија и тоа на Д Фестивал, како помина првата средба со публиката?

Организаторите ме поставија како прв изведувач пред целосно празен простор без да оди каква било музика пред мене. Беше чудно искуство, иако до крајот на мојот настап просторот се наполни повеќе од половина. Оно по што го помнам е гледање на грчки вести на телевизија во моја соба.

Дали сте имале непријатно искуство со фанови?

Постои еден вид на загрижени фанови кои сакаат да ме импресионираат, па „серат“ по мене за да остават впечаток дека не се обични фанови. Тие се најнапорни. Луѓе кои ќе дојдат само за сликање и немаат потреба да ми раскажуваат за нивните животи воопшто не ми сметаат.

Процесот на создавање на една ваша песна е ритуал или?

Не баш. Би било полесно ако создавање на песна е рутинско, како произведување на кроасани или слично. Проблемот е следен. Не значи дека ако вложиш повеќе труд, дека и резултатот ќе биде ист. Некои од песните за кои најмногу се имам посветено воопшто не завршиле на албум, зошто едноставно се ѓубре.

Колку вашите песни се автобиографски, а колку дел од фантазија?

Кога бев помлад повеќе мечтаев, оти и самиот во своја глава бев во облаци. Во последно време моите песни се автобиографски, затоа што се соочив со реалноста на животот.

Каде најдобро се тестира нов материјал: во концертна сала, во комшилак, на фестивали или на YouTube?

Обично пред објавување ја пуштам музиката на луѓе со критичко мислење, ако помине кај нив, најверојатно ќе пројде и кај публиката. Новиот материјал најдобро се тестира на фестивали. Луѓето што доаѓаат таму не се сите твои фанови, додека на моите соло концерти ако некој платил карта за мене, се подразбира дека му се допаѓа она што го правам.

Дали сте задоволни ли од заработката која ја остварувате со својата музика? 

Задоволен сум. Менаџерот добро си ја врши работата.

Постои ли некој од нашата сцена со кој би сакал да соработуваш?

Ако мислите на македонска сцена, сè уште ја немам запознаено. Кога ќе дојдам во Скопје, ќе ги разгледам телевизиските канали, па ќе ви кажам.

Што е подобро – провокација преку шега или озбилни теми?

И двете се добри, ама не одговара сè за секого. Го сакам Риф Раф, како и Ник Кејв, но не одговара да си ги заменат улогите.

Ние живееме 7/8, на нас сè ни е лололо, што ве насмеа овие денови?

Син ми додека руча.

Што посакувавте да станете?

Војко В.

Што саботирате во моментот?

Себеси.

Може ли Џек Даниелс да го замените со Скопско? 

Не може.