22-11-2022

Само два дена не’ двојат од повторната средба со маестралниот Андре Риу и неговиот оркестар „Јохан Штраус“, кои ќе ни приредат незаборавно концертно шоу на 23 ноември во арената „Борис Трајковски“. Со повеќе од 100 концерти ширум светот секоја година, Андре Риу е достоен на своите ветувања за одлична забава која ни ја претставува и доближува класичната музика на уникатен начин, а не очекуваме ништо помалку, оваа среда во Скопје!

Возбудата е несомнено присутна меѓу сите нас и за во никој момент таа да не замре, ве информираме за важни правила потребно да ги знаете пред вашите припреми за оваа величенствена вечер.

Влезот за гости ќе е отворен од 18:30 часот на источниот и јужниот влез во арена „Борис Трајковски“, а самиот концерт е закажан да започне од 20 часот. Оние кои пристигнуваат на концертот во своите возила ги известуваме да имаат во предвид дека ќе има ограничени паркинг места на паркингот од самата арена. При вашиот влез, доколку е започнат концертот редарите ќе можат да ве сместат на вашите седишта на првата пауза помеѓу изведбите.

Во концертната сала е строго забрането пушењето, внесувањето на надворешни предмети од типот на пијалоци, храна, оружје, како и „селфи-стик“ помагало за фотографирање за да се избегне попречување на видикот на останатата публика. Но, сепак можете да внесете фотоапарат или видео камера доколку имате желба.

Пресотанатите билетите се сè уште во продажба онлајн на овој линк и во продажната мрежа на МкТикетс, а на самиот ден на концертот сите прашања околу вашите билети и за купување на билет, билетарата во арена „Борис Трајковски“ ќе биде отворена од 12 часот попладне. Оние кои имаат купено онлајн билет е препорачано да го имаат во физичка копија.

При присуството на ваков врвен музичар, веруваме дека некои од вас би сакале да му се заблагодарат на Андре Риу со свој подарок. Сите подароци од било кој вид е потребно да бидат доставени пред сцената, односно без разлика на големината на подарокот не смее да биде фрлен кон сцената за безбедноста на сите. По завршувањето на концертот сите гости ќе можат безбедно да ја напуштат арената од нејзиниот јужен излез.

За да се овозможи пријатно искуство на сите кои ќе бидат присутни на концертот, тимот на „Пасворд Продакшн“ и Андре Риу, топло ве замолуваат да го почитувате времето за почеток на концертот и сите правила наменети за време на неговото одвивање. Ви благодариме!