29-06-2020

Почитувани,

Сакаме да ве известиме дека рефундацијата на средствата за соло концертот на In Flames кој требаше да се одржи на 15-ти мај 2020 во Младински Културен Центар – Скопје, ќе започне од 01.07.2020 (среда), а ќе трае до 15.07.2020 (среда).

Повратот на средствата ќе може да се изврши на продажното место од каде што се набавени билетите, со задолжително приложување на Вашиот билет и фискалната сметка за истиот.
*За билетите набавени во Универзална сала, ве молиме обратете се на contact@mktickets.mk или на тел.бр. 076 350 036.

Доколку билетот е купен онлајн, средствата ќе бидат директно доставени на вашата транскациска сметка најдоцна до 15.07.2020 година.

 

Со почит,
Пасворд Продукција