05-12-2021
ℹ И уште неколку важни информации и одговори на најчесто поставуваните прашања за главната вечер на 7.12.2021 👇
  • Влезот за посетители ќе биде отворен од 19:00 часот.
  • Една влезница важи за целата програма и овозможува пристап до сите бини на Фестивалот.
  • Фестивалот ќе се одржи во согласност со актуелните безбедносни протоколи за организирање на настани во затворен простор, според кои капацитетот на посетители е ограничен, но и влезот на фестивалот ќе биде ограничен само на посетителите кои имаат документ/сертификат дека примиле две дози вакцина против Ковид-19 или дека го прележале вирусот во последните 45 дена.
  • Поради овие процедури, а со цел да се избегнат гужвите при влез на настанот, апел до сите посетители да го имаат предвид протоколот и да доаѓаат порано, односно најмалку еден час пред настапот од програмата кој не сакаат да го пропуштат.
  • Сите кои купиле билети онлајн, не треба да вршат замена на ваучерите за билети, туку треба само да го приложат испечатениот ваучер (ПДФ документот во нивниот и-мејл) при влез на Фестивалот. Важно е бар-кодот да биде јасно читлив.
  • Во случај на било каков проблем при онлај купување на билетите, контактирајте го тимот за техничка поддршка преку и-меил на info@karti.com.mk
  • Двата контингенти од билетите со промо-цени се веќе распродадени, а во моментов актуелна е претпродажбата на билетите со цена 800 денари. Поради големиот интерес и ограничениот капацитет, билетите брзо се распродаваат, па сите кои допрва ќе го резервираат своето присуство треба да го сторат тоа што поскоро. Во вторник, за време на настанот, преостанатите билети ќе се продаваат по нивната полна цена: 1.000 денари.
  • Сите информации за онлајн купување на билети и продажни места се достапни на овој линк: https://mktickets.mk/event/txrt23/
    Повеќе информации за правилата на Фестивалот: https://taksirat.mk/chpp/