07-11-2022

Оваа година на ПИН Конференција не’ очекува разновидна вечерна концертна програма со изведувачи кои пристигнуваат од сите страни на светот, регионот и секако од кај нас. Објавени се првите изведувачи, каде најпрво се запознаваме со осум извонредни артисти.

Меѓу овие осум артисти ПИН ни ги претставува домашните Баклава, Пијан Славеј и Off Ground Ensemble, како и гостите од странство Extraliscio, God & Eve, KOIKOI, Sidi Wacho и Zimbru. Заедно со уште четириесетина други изведувачи кои наскоро ќе бидат објавени, од 24 до 26 ноември ќе го исполнат Младинскиот Културен Центар во Скопје со најразлични музички стилови и загарантирано добра забава која пристигнува со квалитетните претставници на новата музика во Европа.

Можете подобро да се запознаете со приказната на секој од овие изведувачи на официјалната страна на ПИН Конференција.

Присуството на овие концерти е БЕСПЛАТНО, а доколку сакате да се придружите и на дневната панел програма придружена од над 200 делегати од музичката индустрија, тогаш потребно е само да го најавите вашето присуство преку бесплатна регистрација на ОВАА ФОРМА

Следете ги официјалните страници на ПИН Конференција на Instagram и Facebook за сите новости поврзани со конференцијата.