24-11-2021

Последна прилика за билетите за главната вечер на Таксират со ПРОМОТИВНА цена од 500 денари, а кои поради големиот интерес се пред целосно распродавање дури и порано од првично предвидениот рок! Сите идни купувачи на билети можат да ја искористат ПРОМО-цената САМО УШТЕ ДЕНЕСКА (среда, 24 ноември) до полноќ, во продажната мрежа на МкТикетс низ Македонија или ОНЛАЈН на: https://mktickets.mk/event/txrt23/ .

Веќе од четврток, 25 ноември билетите ќе се продаваат по следната, повисока цена од 650 денари. Главната вечер на ТАКСИРАТ годинава ќе се одржува на 7 декември во Арена Борис Трајковски во Скопје и со програма на две бини за кои своите настапи веќе ги потврдија BORIS BREJCHA, ANN CLUE, ПАРТИБРЕЈКЕРС, МИЗАР, САНАТОРИУМ, Z++, ЦРНИ ЦЕРАК, а наскоро ќе бидат објавени и останатите артисти. ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ ќе биде организиран во согласност со заштитните мерки и протоколи одредени од Владата за организирање настани во затворен простор. Покрај својот билет, според актуелниот протокол сите полнолетни лица за влез на настанот треба да приложат и еден од следните документи:

  • сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;

ИЛИ

  • сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.