22-10-2022

Нашата ПИН музичката конференција се закити со значајна награда во Англија, доделена од страна на водечкиот европски фестивал на нова музика „Грејт Ескејп“ (The Great Escape). Со ова огромно признание, годинава имаме чест да ја најавиме ПИН конференцијата како актуелен победник во категоријата „Најдобар нов настан“ на Годишните награди за музички конвенции (YMCA) кои се доделуваа на славниот „Грејт Ескејп“ во Брајтон.

„ПИН е многу добро организиран настан со квалитетни артисти кој се одржува на одлична локација во навистина убав град. Силната регионална и интернационална компонента на ПИН е исто така главна придобивка“, изјави по овој повод Мартин Елбурн, креативниот директор и коосновач на „Грејт Ескејп“, а кој и самиот беше еден од делегатите на претходните изданије на конференцијата.

Новото издание на ПИН со оваа титула станува славеничко издание, а ќе се одржува од 24 до 26 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје. Целата програма, листата на изведувачи и делегати од музичката индустрија кои ќе бидат дел од ова издание, можете да ги погледнете на официјалната страна на ПИН Конференција.

Присуството на концертите на ПИН е БЕСПЛАТНО и со слободен влез за сите посетители, а за панел-дискусиите во дневната програма потребно е само претходно да се регистрирате на ОВОЈ ЛИНК

Овогодинешното издание на ПИН музичката конференција е организирано со поддршка од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации (HEMI), проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.