22-10-2019

Шведското инди-поп трио, познати по синглот „Young Folks“, ќе триумфира со нивната алхемија на различни тонови и стилови на фестивалското финале на Таксират 21.

Почетоците на бендот Peter Bjorn and John се од времето на нивните средношколски денови во 1999 година кога Peter го запознал Björn и формирале група, а по аудицијата за тапанар им се приклучил и John. Нивниот деби-албум се појавил во 2002 година и е снимен на евтин продуцентски софтвер што самите го набавиле.

Публиката ширум светот ги познаваат по нивниот хит „Young Folks“ од 2006 година, кој се најде на сите топ-листи, во многу филмови, ТВ серии, па дури и на видеoигри. Како што самите велат, тајната за нивното постоење се наоѓа во постојано менување на звукот. По две децении посветеност и свирење низ различни координати на светот, објавиле девет студиски албуми и секој нов албум звучи како прво заљубување во музиката. Нивниот деветти студиски албум „Endless Dream“ е доказ за креативната и уникатната хемија на Peter MorénBjörn Yttling и John Eriksson, кои долго време работеле на него.

Peter Bjorn and John ќе настапат на главната вечер на Таксират 21 на 7-ми декември во СЦ Борис Трајковски, заедно со претходно најавените изведувачи: Chase & Status и „Хладно пиво“.