27-11-2019

Волонтирај на главната вечер на Таксират #21 и на Свен Ват!

Датум: 7-ми и 8-ми декември, СЦ Борис Трајковски 

Ви нудиме шанса вашето слободно време и желба за личен и креативен развој да ги вложите во учество во школа за организација на културни и урбани настани, во запознавање со нови луѓе, креативци, во прилики за средби и поминато незборавно време со ваши музички идоли, во добивање вештини кои ќе ве мотивираат и ќе ви го определат животниот пат за креативност и тимска работа – најбараните вештини на новото доба. И да станете дел од семејството Таксират, заедницата за урбана култура и уметност. Пријавете се тука!