01-10-2020

Во рамките на Таксират Фестивал #22, ќе се одржи и седмото издание на првата и единствена музичка конференција и шоукејс фестивал кај нас – ПИН! Со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, годинава, ПИН ќе се одржи во три програмски денови, од 26-28 ноември, на бројни локации низ Скопје.

Годинашното издание ќе биде фокусирано на здружување на силите на најдобрите и најновите музички таленти од регионот, Европа и Македонија, како и најрелевантните имиња во музичката индустрија – промотори, менаџери, музичари, новинари. Преку конструктивни панели и дискусии, ќе се обидеме да најдеме релевантни решенија и начини на кои можеме да влијаеме врз подобрување на состојбата во музичката индустрија, која е една од најпогодените гранки од корона вирусот.

Една од целите на ПИН е преку својата програма, да им даде можност на домашните таленти да настапат пред бројни професионалци од светот на музичката индустрија. Ги повикуваме и охрабруваме сите талентирани изведувачи кои имаат желба да ја промовираат својата музика, да се пријават на 👉 https://pinconference.mk/nastapuvaj-na-pin-2020/

Рокот за аплицирање важи до 18.10.2020