12-11-2019

На ТАКСИРАТ 21 се приклучува Војко В, легендарниот хрватски рапер и стиховен еквилибрист, добитник на три награди Порин годинава. Тој е познат и по својата работа во бендовите Дјечаци и Киша Метака. Во 2018 година одлучи повторно да заплови по соло водите и истата година оствари рекорден успех, веднаш распродавајќи ја малата сала во Домот на спортови во рамки на загрепската промоција на деби-албумот, „Војко“.

Дека неговото враќање на соло кариерата е одлична одлука, покажа тоа што неговиот прв сингл „Зови човика“, е прегледан речиси 3 милиони пати. Според хрватските медиуми, неговата кариера буквално експлодираше и за помалку од една година, Војко В стана еден од најраспродаваните артисти во регионот.

По успехот со „Зови човика“ во јануари минатата година, го „сруши интернетот“ со соработката со Тончи Хуљиќ и објавувањето на „Паста Италијана“. Пред настапот во распродадениот Дом на спортови, го објави спотот за „Како то“, кој го направи моментално најголемиот изведувач во регионот.

Војко В со прв настап во Скопје на главната бина како еден од најбараните изведувачи во регионов. Може? Не може. 7.12. СЦ Борис Трајковски.