09-11-2019

Иако делува дека на регионалната сцена се појави одеднаш и направи бум, ултра популарниот рапер Klinac се борел за да стигне до онаму каде што е денес. Неговите песни се преслушувани повеќе од 50 милиони пати на YouTube. На стриминг платформата Deezer, овој млад артист брои преку 30 илјади фанови, кој им парира на постарите колеги, кои со години творат. Неговите концерти се поседувани од голем број на фанови, кои ги знаат песните напамет. Но, овој артист не добива поддршка само до своите врсници, туку и од постарите критичари, кои не можат да ги оспорат неговите текстови и зрелите теми. Во последната година, Klinac е меѓу најбараните имиња за настапи во живо низ регионот, а на 7-ми декември ќе настапи на главната вечер на „Таксират“ во СЦ „Борис Трајковски“.