21-12-2020

Иако основана во 2017-та година во Минск, Белорусија, групата Молчат Дома со својот звук не’ враќа директно во 80-тите. Нивната музика се наоѓа некаде на пресекот помеѓу пост-панк, њу вејв и синт-поп – мрачна, но игрива. На почетокот на нивната кариера, беа споредувани со најпознатите бендови од 80-тите како Joy Division, а со текот на времето Молчат Дома создадоа свој и препознатлив звук.

Нивниот втор LP, “Этажи”, објавен во 2018 година, е распродаден во повеќе од 10.000 примероци и во моментов се подготвува за повторно издавање поради голема побарувачка. А, песната „Судно“ е на врвот на глобалните плејлисти на Spotify уште од април 2020-та година.

Вечер, со почеток од 21 часот, може да го гледате нивниот настап, ексклузивно изработен за Таксират & ПИН ТВ на: