07-10-2020

Со цел почитување на протоколот за јавни настани, ги споделуваме сите потребни информации за Концертот на Архангел, во склоп на Таксират #22.

Поради непречен проток на публиката, во СЦ “Борис Трајковски” ќе бидат отворени три влеза. Вратите се отвораат во 19 часот и замолуваме за доаѓање на време, со цел избегнување на гужва.

На сите посетители ќе им биде измерена температура, ќе се врши дезинфекција, а носењето на маска и одржувањето растојание се задолжителни.

Веднаш од влезот на салата ќе бидат поставени прецизни насоки на движење. Ве молиме да ги следите истите.

Излез и повторен влез во салата нема да е возможен до завршување на концертот.

При влез, во холот и салата, ве молиме не се задржувајте и групирајте. Салата е организирана со соодветно растојание помеѓу седиштата и редовите, a концертот ќе биде на седење.

За било каква помош и информација, ве молиме слободно комуницирајте ги редарите и Таксират тимот обележани со жолто елече.

Ве молиме бидете точни, затоа што концертот ќе започне на време. Се гледаме на 11.10.2020!

Во прилог и мапата од просторот за подобра ориентација за вашето место: