03-10-2019

Годината не може да заврши без уште едно издание на Лузер Фест. Ја пресекуваме црвената лента и конкурсот го прогласуваме за отворен, а пријавувањето трае до 20-ти октомври.

Бендови и солисти, оние коишто сакаат да експериментираат со звукот и се музички визионери – наштимајте ги гитарите, загрејте се, набавете некое пиво и право во гаража на вежбање. Извадете го најдоброто од себе!

Пријавувањето, иако познато, е повеќе од едноставно. На следниот линк пополнете ја апликацијата за Лузер Фест.

Концертната вечер посветена на промоција на најновите имиња од домашната музичка сцена, закажана е на 5-ти декември.