01-11-2019

По настапот на „Д Фестивал“, урбаниот загрепски трап звук Кукус Клан, чиј број на поддржувачи постојано расте на 7-ми декември ќе настапи на главната вечер на Таксират фестивал 21 во СЦ „Борис Трајковски“. Нивниот раст на регионалната сцена започна пред неколку години, а на македонската публика познати им се со песната „Real Slav“, како и сингловите што го освоија Балканот, Oce K…“ ft. Fox, „Bode Miller“ ft. Surreal.

На истата сцена ќе настапат и најмладите од хрватската трап сцена, Buntai. Претходниот месец им излезе хитот „Roxtar“ во соработка Кукус Клан.