24-09-2020

Годинава, освен што ни донесе многу предизвици, ни остави и доволно простор и слободно време за изразување на нашата креативност! Се надеваме дека во текот на изминатите седум месеци се родија еден тон нови идеи, па ги повикуваме сите домашни, метал, рок, инди, поп, трап, рап, млади, стари, неоткриени таленти да се пријават за учество на фестивалот на нова авторска музика – Лузер Фест 2020.

Бендот кој ќе ги освои срцата на публиката и жирито, ќе има можност да ја спакува својата креативност во студиски албум, снимен во професионално музичко студио и издаден од страна на Пасворд Продукција. Освен тоа, бендот ќе има шанса за настап на минимум три настани организирани од страна на Пасворд Продукција во 2021-ва година.

Правилата се следни:

За да се пријават на конкурсот, музичките изведувачи треба во електронски формат да достават:

  •  три досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат),
  • контакти
  • фотографија и
  • кратка биографија на бендот и членовите

* Пасворд Продукција ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“
* Пријавените бендови треба да достават свои досега необјавени и неиздадени снимки, а во спротивно ќе бидат дисквалификувани
* Аплицирањето е дозволено само за бендови со авторска музика кои досега немаат издадено студиски албум
* Пасворд Продукција има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални мрежи
* Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување

Подготвени?

Пријави се ТУКА

Повикот за аплицирање е отворен до 25-ти октомври 2020-та година!