20-10-2019

Ги пееме нивните песни, зошто животот зборува преку нив. Ги обожаваме нивните концерти, зошто генерации и генерации растеа со нив на овие простори.

Најголемиот хрватски панк-рок бенд „Хладно пиво“, предводени од Миле Кекин, се враќаат во Скопје за фестивалското крунисување на 21-во издание на Таксират. Познати како мајстори на концерти во живо и со неуморна панк-рок кариера од 20 години, важат за бенд, кој покрај добар звук имаат и проникливи текстови, пренесувајќи критиката на модерното општество и животот кој го живееме.

На 7-ми декември „Хладно пиво“ ќе нè соберат на едно место и со урнебесно енергичен настап ќе ни одржат лекција. Не е сè така сиво!