16-10-2019

Бејс продуценти и херои на електронската сцена „Chase & Status“ ќе бидат дел од годинешното издание на Таксират фестивал, на 7-ми декември во СЦ „Борис Трајковски“.

„Chase & Status“ важат за еден од најуспешните британски бендови во последната деценија. Членовите на бендот кој е оформен во 2003 година, во 2018-та прославија 15 години постоење и го издадоа нивниот четврти студиски албум, насловен „RTRN II JUNGLE“ со кој доаѓаат и на сцената на „Таксират“. Нивниот неверојатен проект претставува културно движење, кое ја транспортира „џунглата“ од деведесеттите во иднина, оживувајќи го чувството кога електронската музика за прв пат експлодираше на клупската сцена.

На „Таксират“ тие ќе настапат со моќен сет и конечно пред македонската публика ќе покажат зошто важат за едни од најпочитуваните изведувачи во драм’ен’бејс светот. Chase & Status повеќе од 16 години се активно присутни на светската музичката сцена и се вклучени меѓу хедлајн артистите на најголемите фестивали во светот.

На следниот линк може да набавите карти за Таксират 21!