09-11-2023

ПИН Музичката Конференција има за цел да го трансформира Скопје во главна музичка дестинација во период од 30ти октомври до 2ри ноември! 

Подгответе се да нурнете длабоко во дискусиите за најновите трендови и предизвици кои го обликуваат глобалниот музички пејзаж.

Вкупно 45 артисти од 19 земји ќе го красат легендарното место, Младинскиот Културен Центар, распоредени на 5 сцени: Денсинг, Клуб, Фросина, Џебно и нашиот миленик, Тоалетот! Ќе ни гостуваат бендови како: Joker Out, Svemirko, Maika Makovski, VPBS, La Ganga Calè, а нашата домашна сцена ќе ја бранат: Zarina Prvasevda, Vagina Corporation, Алембик… се разбира и многу, многу други! Можете подобро да се запознаете со приказната на секој од овие изведувачи на официјалната страна на ПИН Конференција.

Ги повикуваме сите музички ентузијасти, без разлика дали сте искусен професионалец во индустријата или страстен љубител на музиката, ПИН е вашиот билет за незаменливо искуство. Пријави се на: https://pinconference.mk/register-for-conference 

Следете нѐ за повеќе информации на нашите социјални мрежи Instagram и Facebook.