24-11-2022 - 26-11-2022

Младински Културен Центар

Во рамки на ТАКСИРАТ Фестивал, ПИН – единствената меѓународна музичка конференција и „шоукејс“ во нашата држава, своето деветто изадние ќе го оддржи од 24-ти до 26-ти ноември во Младински Културен Центар – Скопје.

Таксират и Пасворд Продакшн на овој ПИН се домаќини на повеќе од 250 гости, едни од најрелевантните имиња во музичката индустрија (букери, промотери, новинари, агенти) и дел од најактуелните нови музички таленти од Европа, регионот и од кај нас!

Во текот на овие три фестивалски дена, сите посетители ќе имаат шанса да ја проследат дневната панел програма во Кино Фросина, каде ќе се дискутира на топ теми во музичката индустрија, трендовите поврзани со музичката сцена, продукцијата, културата и сите влијанија во музичкиот сектор.

👉Погледни кои музички професионалци ќе се дел од панелот, ТУКА.

👉ВЛЕЗОТ на КОНФЕРЕНЦИЈАТА е БЕСПЛАТЕН со ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕГИСТРАЦИЈА ТУКА.

👉ВЛЕЗОТ на КОНЦЕРТИТЕ е БЕСПЛАТЕН за сите и за овој дел од програмата не е потребна претходна регистрација.

Продолжуваме со БЕСПЛАТНА вечерна концертна програма која ќе го разигра Скопје со звукот на млади и талентирани артисти, внимателно избрани да донесат разновидни звуци за создавање на добра забава до доцна во ноќта.

👉 Сите артисти можете да ги погледнете ТУКА.

*ПИН музичката конференција е организирана со поддршка од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации (HEMI Music Hub), проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.