22-03-2023

ОТВОРЕН Е ПОВИКОТ ЗА ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА НА “TALLINN MUSIC WEEK 2023”

Македонскиот Таксират Фестивал заедно со фестивалите „Ypsigrock“ (Италија) и „Haldern Pop“ (Германија) се обединија во програмата на Еразмус+ наречена „SAFEPLACE“ (Безбедно место) со цел да се развие инклузивноста и правичноста во културните настани. Преку волонтерската професионалност ваквите вредности можат да имаат огромно влијание врз новата генерација на љубители и организатори на фестивали. Во соработка со „Music Estonia“ (Естонија), општествените активисти „APS Nous“ (Италија), уметничките организатори „BJCEM“ (Белгија), како и волонтерските експерти „Vitatiim“ (Естонија), групата има создадено уникатна програма за градење на волонтерските капацитети во склоп на „Tallinn Music Week ‘23“ на која сите заинтересирани може да се пријават преку отворен повик.

Музиката е основниот дел од нашата благосостојба. Посетувањето на концерти и фестивали е важен елемент на културата и социјализацијата на нашите општества. Навистина, музичкиот екосистем е незамислив без својот огромен број на -разновидни- фестивали. Најчесто малите „бутик“ фестивали значително придонесуваат во создавањето на културно и социјално влијание преку претставување на нови таленти, активирањето на локалните заедници, претварање на општествените вредности од теоретски во реални и креирање незаборавни моменти на и вон музичката сцената.

Фестивалите преку волонтирање го нудат првиот увид во потенцијална професија, алтернатива на дневната рутина со преку работење на нешто необично и можеби најважно – тие се игралишта на применета социјална кохезија. Фестивалите ја негуваат разновидност со вклучување на сите, особено најранливите во нашите општества, во заеднички креативен потфат кај што крајниот резултат е поважен од неговите посебни делови.

Преку развиените активности за градење на волонтерските капацитети, „SAFEPLACE“  ги собира најдобрите практики во нова програма дизајнирана да може подоцна да го сподели резултатот со заедницата на организатори на настани. „SAFEPLACE“ комуницира со новата генерација на европски професионалци и организатори на фестивали во врска со вредности, зајакнување, инклузија, пристапност и позитивното лудило кое е потребно за да се создаде нешто извонредно.

ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТ:

Градењето на капацитет е во сржта на „SAFEPLACE“. Проектот нуди ексклузивна обука за следните генерации на професионалци за настани во живо, селектирани од денешните и идните волонтери на настаните на партнер организациите во проектот.

„SAFEPLACE“ опфаќа серија од актуелни теми. Честите предизвици како логистика, човечки ресурси, комуникација, продукција, администрација, букинг и општиот сектор за жива музика се дури поголем предизвик за фестивали во периферни региони. Проектот се фокусира на меките вештини и ја обележува разликата на комерцијалните настани: подобрување на разновидноста во сите форми, социјална и етничка вклученост, како и љубовта за содржината, заедницата и уметноста.

Тука вистински лежат срцето и душата на партнерските настани и тоа што треба да биде добро разбрано, објаснето и споделено од страна на волонтерите и професионалците.

Подготвителни онлајн курсеви ќе се одржат во април 2023, балансирајќи го степенот на знаење помеѓу апликантите и партнерите. Покрај технички прашања и терминологија, лекциите ќе бидат и воведен дел за погоре-споменатите теми и ќе бидат водени од партнерите на проектот користејќи ги нивните вештини како и поканување на надворешни експерти.

Ќе се одржи 5 дневна програма за обука во живо во Талин, Естонија од 9 до 13 мај, и ќе ги вклучи учесниците и тимовите на партнерите во ексклузивни лекции, панели и клучни информации одржани од страна на сите партнери и поканети експерти. Овие активности ќе се случуваат секое попладне преку интерактивни работилници за разработување на темите на проектот и да се развие интересен и иновативен начин за применување на истите. Тренингот ќе се одржи во склоп на „Tallinn Music Week 2023“.

Настани за градење на капацитет кои се однесуваат до пошироката волонтерска заедница ќе бидат одржани од страна на партнерите на проектот во периодот помеѓу крај на мај и почеток на јуни 2023 со мотото „sharing is caring“ (споделување значи грижење). Искуството кое ќе биде стекнато преку курсот ќе биде споделено во специјално созддени работилници за зголемување на свеста и интерес кај волонтерите, како и стимулирање на интерес кај новите посетители на фестивалската заедница.

Сертификат за волонтери од културни настани е во моментален развиток од страна на партнерите, кој се одбележува како иновација во склоп на настаните и културната индустрија. Сертификатот ќе биде издаден за курсот и за фестивалот во кој ќе учестуваат апликантите.

„SAFEPLACE“ е финансиран од страна на „Agenzia Nazionale Per i Giovani ,Еразмус+, програма на ЕУ’“

Повеќе информации за програмата и нејзините Правила и Услови можете да ги најдете на: https://www.safeplaceproject.eu