ОТВОРЕН КОНКУРС ЗА ДЕМО АРТИСТИ

Таксират ги повикува сите нови македонски музичари, групи или самостојни изведувачи, да ни ја претстават својата музика, да го покажат својот талент и креативност, и да се пријават на овогодинешното издание на фестивалот на нова авторска музика – ЛУЗЕР ФЕСТ!

Победникот традиционално ќе го избереме заедно, за време на Лузер Фест со гласање на публиката и на жирито чии членови ќе ги објавиме непосредно пред одржување на настанот. За најдобриот изведувач следува награда – снимање и издавање на студиски албум. Снимањето ќе биде во професионално музичко студио, а албумот ќе биде објавен од страна на Пасворд Продакшн.

Сите заинтересирани изведувачи кои сакаат да се пријават на конкурсот, потребно е да ја пополнат следната форма, најдоцна до 5 ноември:

    Внесете го кодот: captcha


    СРЕЌНО!

    • Доколку имате било какви дополнителни прашања, дилеми, евентуален проблем со пополнување на пријавата или прикачување на потребните материјали, ве молиме пишете на: nela@password.mk
    • Пасворд Продакшн ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“
    • Аплицирањето е дозволено само за бендови со авторска музика кои досега немаат издадено студиски албум и чија музика не е официјално снимена и објавена на носач на звук
    • Пасворд Продакшн има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални мрежи
    • Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата на финалистите ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување