Како единствен фестивал кај нас од оваа големина и значење, кој настана од општествениот активизам на младите, ТАКСИРАТ веќе со години наназад силно го поддржува волонтеризмот поттикнувајќи ги младите да се активираат, да стекнат работни искуства и да се запознаат со луѓето од целиот свет. И оваа година, во духот на постојаниот напредок, ја афирмираме волонтерската програма.

ТАКСИРАТ  ги повикува сите млади луѓе од Македонија кои сакаат да стекнат драгоцени искуства од фестивалскиот организациски ангажман, да се пријават на конкурсот до 20. ноември и на тој начин да станат дел од тимот на ТАКСИРАТ ВОЛОНТЕРИ.

Сите заинтересирани кои сакаат да се пријават на конкурсот и да станат дел од тимот на Таксират, можат да се пријават преку и-мејл на info@password.mk . За да стане Таксират волонтер, кандидатот мора да биде полнолетен, не смее да биде кривично гонет, а пред сè мора да ја помине селекцијата.

Волонтирањето ќе трае од 13. ноември до 9. декември, пред и за време на Таксират фестивал, а по завршувањето на волонтирањето, волонтерите добиваат сертификат кој го докажува нивниот ангажман на конкретната работна позиција на фестивалот.