08-12-2018

Таксират #20

VIP Арена Борис Трајковски 19:00

MKTickets Logo

Купи карта online
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

Промо-билет: 650 денари

Следна цена: 800 денари

ТАКСИРАТ оваа година го прославува своето јубилејно 20-то издание, а завршницата на големата прослава нѐ очекува токму на главната фестивалска вечер која ќе се одржи на 8-ми декември и на нова локација, во ВИП Арената „Борис Трајковски“. PENDULUM Dj set, MANDO DIAO, NOUVELLE VAGUE, DUBIOZA KOLEKTIV, SMUT,  THERAPY?, TRAP DA FUCK UP, SAF Sound System, RАHZEL се изведувачите од финалето на ТАКСИРАТ 20! За оваа вечер Арената ќе биде претставена во сосема поинакво светло, посебно уредена за оваа цел со врвна продукција доловувајќи ја препознатливата атмосфера на Таксират, со три фестивалски бини, капацитет за повеќе од 10.000 посетители и претставувајќи го новиот продукциски концепт на Фестивалот!

Време е да го превртиш Скопје наопаку!

 

Листа на бендови

Pendulum DJ Set

Pendulum DJ SetАвстралија

Легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM кој стои зад химните на овој жанр како „Tarantula“, „Blood Sugar“ и многу други, пристигнува во Скопје! Pendulum на 8-ми декември во арена „Борис Трајковски“, ќе настапат со својот фуриозен диџеј-сет за конечно да и покажат и на македонската публика зошто во овој формат тие важат за неприкосновеното дуо во светот на drum’n’bass културата!

Членовите на бендот кој е оформен во 2002 година, во 2013-та го најавија повлекувањето на Pendulum од live настапите, за да се посветат на новите проекти меѓу кои е и познатиот Knife Party, но константните барања за повторно активирање од страна на армијата фанови низ цел свет, резултираа со come-back турнејата во 2016-та и новиот албум чие снимање го најавија лани! На Таксират тие доаѓаат во фуриозниот DJ формат, нивното идеално издание за најенергичните фестивалски журки, бидејќи единствено така може да се доживее вистинската енергија со која тие веќе со години владеат на најголемите светски фестивали, а која најчесто се споредува со атмосферата на експлозивните настапи на The Prodigy.

Mando Diao

Mando DiaoШведска

Шведската инди-рок група MANDO DIAO (Мандо Диао) конечно ќе гостува со концерт кај нас, а својот премиерен настап пред македонската публика бендот го потврди за оваа зима и тоа на јубилејниот 20-ти ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ во Скопје!

Mando Diao започнаа да творат во 1999-та година, и за 19 години постоење снимија 8 студиски албуми. Уште со првото нивно издание „Bring ‘Em In“ во 2002-ра година ја освоија сцената во земјата од која потекнуваат а чија музичка репутација е неспоредлива, но секој следен албум значително им ја зголемуваше популарноста и на интернационалната сцена. Нивниот стил оформен со гаражен рок/поп/инди звук и извонредната енергија на настапите во живо беа многу бргу препознаени, па набргу светската критика и фановите ширум светот се согласија дека Mando Diao е еден од најдобрите бендови на современата рок сцена.

Nouvelle Vague

Nouvelle VagueФранција

Бендот кој во шармантен боса-нова манир ги редефинира најзначајните периоди од панк и рок историјата, повторно го носи во Скопје неодоливиот звук кој отвори поинаква димензија на новиот бран.

Dubioza Kolektiv

Dubioza KolektivБосна и Херцеговина

Јубилејната 20-ка не смее да помине без едни од најверните другари на #Таксират собрани во најпопуларниот балкански бенд, Дубиоза Колектив. Озлогласениот лидер во борбата за социјални промени и бендот од Балкан со најголем светски успех, на 8-ми декември се враќа во својот природен хабитат.

Therapy?

Therapy?Северна Ирска

Во листата изведувачи за главната вечер ни се придружува култниот алт-метал бенд од Северна Ирска кој речиси 30 години е во врвот на светската алтернативна сцена, а повод повеќе е нивниот неодамна објавен нов, 15-ти албум CLEAVE.

Smut

SmutМакедонија

Две години по концертот за 20 години постоење, гордоста и основоположниците на македонската метал-кор сцена се враќаат со full set performance на домашен терен, овој пат за јубилејна 20-ка на ТАКСИРАТ и уште еден успех како повод – новиот, одличен албум „ТИЕ СЕ НАСЕКАДЕ“!

Trap Da Fuck Up

Trap Da Fuck UpМакедонија

За 4 часа журка, денс стејџот во арена „Борис Трајковски“ го препуштаме на #TDFU екипа! Bring the heat!

SAF Sound System

SAF Sound SystemМакедонија

SAF Sound System за Funky Fresh вајб и жестока журка на Taksirat Festival #20!!!

Два грамофони, микрофон и денс стејџот на главната вечер се резервирани за две хип-хоп легенди DJ Гоце и Пикисипи на 8-ми декември во арена „Борис Трајковски“.

Rahzel + Total Eclipse & Precision

Rahzel + Total Eclipse & PrecisionСАД

Skopje, please welcome RAHZEL & the X-Ecutioners! Легендарниот и ненадминлив битбокс шампион Rahzel заедно со славниот скреч тандем Total Eclipse и Precision, ќе настапат на Денс Стејџ, втората бина на Таксират #20.

Локација и цена

Event venue
Првите влезници со најповолната цена за главната вечер на ТАКСИРАТ ќе чинат само 500 денари и ќе се продаваат во многу ограничен број. Продажбата веќе започна во понеделникот, на 8-ми октомври, онлајн и на сите благајни во продажната мрежа на МкТикетс.
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:
Промо-билет 650 ден.
Од сабота, 8.12 800 ден.
Early bird SOLD OUT
4+1 SOLD OUT

Продажни места

СКОПЈЕ

  • Југотон, ГТЦ 1ви кат | Контакт: 2 323 9860 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 09-15ч.
  • Универзална Сала, бул. Партизански одреди бб | Контакт: 2 324 5614 | пон-пет: 12-20ч.
  • Т. А. Атлантик Турс, ул. Стале Попов 9 | Контакт: 2 3109 825 // 2 3109 826 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 09-15ч
  • Тобако 2 – Аеродром, бул. Јане Сандански | пон-нед: 07-24ч.
  • Тобако Југодрво, бул. Кочо Рацин 9 (Кај Олимписки Базен) | пон-нед: 07-24ч.
  • Т. А. Атлантис, бул. “Јане Сандански” бр.82/1-12 , Т.Ц Бисер, о.Аеродром | Контакт: +389 2 60 92 212
  • Билетарница МКЦ, кеј Димитар Влахов 15 |вто-саб: 13-20ч.
  • Кафе Браво – Т.Ц. Буњаковец, бул. Партизански Одреди | Контакт: 2 312 9232 | пон-пет: 09-05ч. / саб: 11-05ч. / нед: 20-05ч
  • Цвеќарница Розе – Веро 2, Веро 2 | пон-нед: 09-21ч
  • Рок Кафе Круг – Т.Ц. Бисер Аеродром, ТЦ Бисер | Контакт: 2 2451 081 | пон-нед: 09-01ч.
  • Котур Бар, Парк Форум | пон-чет: 08-11:45ч / пет-саб: 09-01ч / нед: 10-11:45ч
  • Кафе Бар Синдикат, ул. Орце Николов бр.97 | пон-чет: 08-00ч / пет: 08-01ч. / саб: 09-01ч  / нед: 09-00ч.
  • Кино Карпош, ул. Благој Давков бр.1 | пон-чет: 08-00ч / пет: 08-01ч. / саб-нед: 09-01ч.
  • Баду Бар, бул Партизански oдреди 149/13 | пон-нед: 08-01ч.
  • Цреша Бар, ул. Иван Милутиноќ бр.8 | пон-чет: 08:30-00ч. / пет-саб: 09-01ч. / нед: 10-00ч.

ШТИП

  • Coffee Lab, Кеј Маршал Тито | Контакт: (032) 605 222 | нед-пет: 08-24ч. / саб: 08-01ч.

ПРИЛЕП

  • T.A. Бран, ул. Пере Тошев 75 | Контакт: (048) 411-188 // (048) 434-606 | пон-пет: 08.30-20.30ч. / саб: 08.30-18ч.

ВЕЛЕС

  • T.A. Атлантис, ул. Стале Попов 9, Скопје 1000 | Контакт: 2 3109 825 // 2 3109 826 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 09-15ч.

ГОСТИВАР

  • Вона Пет, ул. Живко Брајковски 15 | Контакт: 078 399 228

СТРУМИЦА

  • Кафе Бар Концепт, ул. Благој Јанков Мучето 30 | Контакт: 075 347 502 | пон-пет: 08-01ч. / саб: 09-01ч.
  • Т.А. Атлантис, ул. Димитар Влахов 18, | Контакт: +389 34 345 212

БИТОЛА

  • Т.А. Ана Турс, Комплекс „Безистен“ | Контакт: (047) 203 580 | пон-пет: 09-16ч. / саб: 09-14ч.
  • Jaгода, Широк сокак 154 | пон-нед: 08-01ч.
  • Кафе бар Радост, ул. Фустани 8 | Контакт: 076 479 006 | пон-нед: 08-01ч.

КАВАДАРЦИ

  • Т.А. Атлантик Турс, ул. Илинденска | Контакт: (043) 420 885 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 09-15ч.

ОХРИД

  • Т.А. Глобус Травел, ул. Кузман Јосифовски 2 | Контакт: (046) 611 511 // 078 421 454 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 10-20ч.

КОЧАНИ

  • Т.А. Либеро Травел, ул. Теодосија Паунов 16/2, спроти КАМ | Контакт: (033) 272 800 // 072 272 800 | пон-пет: 08.30-20ч. / саб: 09-16ч.