11-04-2018

ВИП Арена Борис Трајковски 8 PM - 11 PM

MKTickets Logo

Купи карта online
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

B5, B6, B11, B12: 800 денари

Партер, B6, B12: 1000 денари

Партер, B2, B7, B8, B9: 1200 денари

Б13: 1500 денари

Најпосетуваниот танцов-музичко-сценски спектакл на светот, повторно пристигнува пред македонската публика: LORD OF THE DANCE на славниот Мајкл Флетли гостува во Скопје на 11-ти април 2018. По точно 10 години и по 5 целосно распродадени настапи кај нас, светското денс-совршенство овој пат, во Вип арената „Борис Трајсковски“, ќе го претстави новото шоу „Опасни игри“ основано на ирскиот фолклор кој ја претставува неверојатната авантура во борбата помеѓу доброто и злото.

Најдоброто танчерско шоу на светот досега собори повеќе светски рекорди – Флетли во Гинисовата книга на рекорди е запишан како човекот со најбрзите нозе на светот, со незамисливи 35 удари во секунда; шоуто се изведуваше дури 21 пат по ред во „Вембли“ арената во Лондон; за само 10 дена беа продадени 250.000 влезници на турнејата во Австралија. Мајкл Флетли (Michael Flatley), танчерот, флејтист, автор, директор и продуцент кој стои зад овој меѓународно наградуван танцов феномен, доакажа преку својата визија дека срцето и разумот, обединети преку музиката и танцот, ги бришат сите традиционални граници. „Lord of the dance’“ постојано ги соборува сите рекорди во продажбата на влезници ширум светот, оставајќи ја публиката без здив, желна за уште повеќе магија.

Токму поради тоа, како и фактот дека во Македонија веќе со години имаат огромен број обожаватели, оваа најголема ирска танчерска сензација „LORD OF THE DANCE“ гостува повторно во Скопје, на 11-ти април 2018 година со настап во Вип Арена „Борис Трајковски“. Овој пат, приказната се темели на ликот кој патува низ времето со желба да му помогне на господарот на танцот во одбраната против мрачните сили. Оваа митска авантура со себе носи сѐ ново, од музика до сценографија, костимографија и кореографија. Тука се и холограмските проекции, најсовремената сценска технологија, специјалните светлосни ефекти, разиграните роботи и најдобрите светски акробати и танчери. Сето тоа е доволна причина да не го пропуштите овој музичко-танчерски настан или како што порачува екипата на LORD OF THE DANCE: „Препуштете се во прегратката на извонредниот танц кој ќе ве одведе на патување исполнето со енергија и страст…“

Lord Of The Dance од 1996 година е најпродаваната танчерска приредба на светот која досега има гостувано пред распродадените гледалишта во повеќе од 60 земји, а премиерата ја одржаа во 1996-та, две години откако славниот ирски кореограф Флетли го претстави неговиот претходен спектакл Riverdance во глобалниот ТВ пренос на Eurosong `94 во Даблин и прерасна во светска сензација. Веќе во 1997 година, Lord Of The Dance дебитираше и во С.А.Д. со 13 распродадени претстави во Radio City Music Hall и учествуваше во програмата на доделувањето на „Оскар“ наградите. На изведбите, во составот на овој танцов ансамбл настапуваат дури 200 танчери, покрај огромниот број професионалци кои на шоуто се грижат за сценографијата, светлото, звукот, како и за вкупно 1200 костуми кои ги користат танчерите.

Билетите за настапот на LORD OF THE DANCE ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на МкТикетс на 1-ви ноември, во среда кога воедно ќе бидат објавени и цените на билетите.

Локација и цена

Event venue
Важно

* строго ограничен капацитет (6.000 посетители);
* ограничување во продажбата на НАЈМНОГУ 4 БИЛЕТИ ПО КУПУВАЧ!

ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:
B5, B6, B11, B12 800 ден.
Партер, B6, B12 1000 ден.
Партер, B2, B7, B8, B9 1200 ден.
Б13 1500 ден.