Прес

Завршен е рокот за испраќање на барања за прес-акредитации за годинашниот Таксират Фестивал. За сите дополнителни информации и потреби за вашата медиумска куќа ве молиме обратете се со e-mail порака на katerina@password.mk.

Правила и услови за акредитирање на новинари за Таксират Фестивал

Аплицирањето за акредитирање на новинари е отворено за сите медиумски куќи.

  • Рокот за поднесување на пријавите за акредитирање е претходно одреден за секој настан, најчесто до 10 дена пред одржување на настанот. Пријавите кои ќе бидат поднесени по одредениот датум нема да бидат земени на разгледување.
  • Сите медиумски куќи чие барање за акредитирање ќе биде прифатено, ќе бидат известени за тоа до претходно одредениот датум за секој настан.

Ве молиме да ги исполните следните услови при акредитирање на новинарите:

Право на акредитации имаат сите медиумски куќи кои во рамките на својот медиум имаат најмалку три објави за настанот, пред неговото одржување.

  • ТВ станиците можат да аплицираат за максимум 3 новинарски акредитации.
  • Радио станиците, печатените и интернет медиумите можат да аплицираат за максимум 2 новинарски акредитации.
  • Акредитациите ќе гласат на целосно име и презиме на претставникот на медиумската куќа и не важат за користење од страна друг претставник од истата медиумска куќа. Доколку акредитираниот новинар е попречен да известува за настанот, акредитацијата ќе може да биде пренасочена за новинарот кој ќе го заменува, исклучиво со оригинален допис од медиумската куќа (со печат и потпис од уредникот или директорот) во кој треба да бидат наведени името, презимето и личните податоци за личноста на која се издава новата акредитација.
  • Сите акредитирани претставници на медиумските куќи ќе добијат акредитација која е задолжителна да се носи за време на одржување на настанот.
  • Со нетрпение го очекуваме медиумскиот материјал кој ни го испраќате во врска со нашите настани. Доколку до сега не сте известувале за нашите настани, ве молиме да ги доставите вашите планови за покривање на истите. Однапред ви благодариме на вашиот труд и материјалот кој ќе ни го испратите.
  • Вашите планови за најави и следење на настанот, веќе реализирани најави, клипинг и линкови од истите може да ги испратите во електронски формат на: katerina@password.mk.

Доколку сакаат да го обезбедат своето присуство, сите членови на медиумите кои не се акредитирани се добредојдени да ги купат билетите за настаните додека тие сѐ уште се достапни.


Внесете го кодот: captcha