13-11-2017

Поминаа четири години од последното дискографско издание на бендот, а песните од последниот албум „Апсурдистан“ го обиколија целиот регион и речиси пет години се неизоставен дел од нашето секојдневие.

Таму каде што застана „Апсурдистан“, продолжува новиот албум.

„Песнички за деца и возрасни“ е насловот на албумот кој ни носи девет песни.
Веќе ни стана јасно со првите две песни, „Химна генерације“ и „Треба ми зрака“, дека се подготвува нешто интересно. Обете песни ги освоија слушателите, додека на „Youtube“ каналот имаат остварено милиони прегледувања.

Со новите седум песни кои може да ги чуете во продолжение на текстот се заоркужува приказната која Дубиоза сака да ни ја раскаже.
„Песнички за деца и возрасни“ е задолжителна лектира која секој мора да ја „прочита“.

Албумот го снимивме со леснотија, за само четири дена, бидејќи сите песни ги украдовме од „YouТube“. Сега едвај ги чекаме реакциите на публиката, а со уште поголем страв и нетрпеливост чекаме да видиме дали ќе не разоткријат од здружението за заштита на авторски права. Во албумот ни свират интересни гости со кои, се надеваме, бевме добри домаќини – коментираше бендот во свој стил.

Дубиоза на овој албум го угости босанскиот бенд „Хелем Нејсе“ на песната „Пионирска“, во песната „Аутопилот“ им се придружија Дино Шаран и Deaf Band Dlan, а веќе промовираниот сингл „Треба ми зрака“ ја донесе песната која Дино Дворник ја започнал, а Дубиоза ја завршија 15 години подоцна.

Обвивката на албумот ја илустрираше легендарниот Добросав Боб Живковиќ чии цртежи прикажуваат симпатични животни кои се претвораат во траги-комичните ликови на јунаците од песните на Дубиоза Колектив.
Освен во стандарден формат, дискот ќе биде објавен и како сликовница за деца и возрасни.

Новиот албум излегува како издание на „Менарт“, а исто така е достапен и за бесплатно преземање на dubioza.org

Еве ја и листата со YouTube линкови за сите песни од албумот:
PIONIRSKA feat. HELEM NEJSE
HIMNA GENERACIJE
PAKŠU
TREBA MI ZRAKA feat. DINO DVORNIK
RIJALITI
AUTOPILOT feat. DINO ŠARAN
BANKOMAT
INTERNETSKA
DOMAĆICA 2.0