06-06-2019

На 6-ти јуни 2019-та, во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје

 

Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) е несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време. Насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија, Андре Риу свири во своја сопствена лига пред 600,000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана. Во организација на Пасворд Продакшн, на6-ти јуни 2019-таАндре Риуќе настапи во живо во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје со неговото бомбастично сценско шоу во рамки на неговата светска турнеја за 2019-та година.

Билетите за овој екслклузивен настан кај нас ќе бидат достапни во продажба од СРЕДА, 23-ти ЈАНУАРИ 2019-таод 10:00на сите продажни места на МкТикетс и на www.andrerieu.com“Музиката и особено валцерот се многу важен дел од мојот живот,“ вели Андре Риу. „Ако некое музичко дело го допре моето срце, ќе го допре и вашето срце исто така. Оваа прекрасна музика ми дозволува да внесам радост во животот и смеа во светот. Сѐ е дозволено на моите концерти: смеење, плачење, танцување, пеење. Емоциите се тајната на мојот успех.“

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот.

Меѓу останатите земји, во рамки на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во С.А.Д, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија. Со цел да се организира патувачката рута и превозот на неговата огромна продукција помеѓу континентите, сите фантастични костуми, инструментите и сценската конструкција постојат во четири идентични поставки. Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“.

Во јули 2018-та Андре Риу ги одржа и неговите годишни open air концерти во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. За прв пат, на 13-те вечери повеќе од 150.000 фанови од над 80 земји беа дел од спектакуларните концерти во Вријтхоф.

Андре Риу повеќе од 40 години е среќно оженет и живее со неговата сопруга Марџори во романтичен замок од 1452-ра година во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. Тие имаат два сина и пет внуци.

Андре Риуи неговиотЈохан Штраус Оркестаргодинава доаѓаат во Скопје.
Уживајте во фантастичниот спој на валцер, филмска музика, мјузикли, опера и хитови. Најдобрите влезници, публиката ќе може да ги набави од СРЕДА23-ти ЈАНУАРИ 2019-таод10:00 часот за премиерна, незаборавна вечер и доживување со Андре Риу – ВО ЖИВО во Македонија!

Повеќе информации и билетите почнувајќи со цена од 3050 денари на www.mktickets.mk и www.andrerieu.com