07-12-2022

СЦ Борис Трајковски

MKTickets Logo

Купи карта online
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

ПРОМО-ЦЕНА: 800 денари
*ограничена понуда

Билетите за овој настан се достапни за купување онлајн и во продажните места на МкТикетс.

https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=4643

По 24-ти пат да го превртиме Скопје наопаку!

Запознајте ги изведувачите кои на 7 декември 2022, во Арена Борис Трајковски, главната вечер на ТАКСИРАТ Фестивал ќе ја направат да е незаборавна!

  

Прва Хала

Ben Klock

Ben KlockГерманија

Ben Klock е апсолутно уникатен на светската диџејска сцена. Тој е несомнено еден од најзначајните ликови на модерната електронска музика, најголемиот симбол на берлинската техно сцена и еден од најпознатите резиденти на култниот клуб Berghain. Неговата посветеност на професијата е речиси фанатична, а неговата перфекција во миксовите е еднаква на техничката дисциплина на врвни пијанисти. Таквата работна етика единствено ја надминува неговата страст кон музиката на која, имено целосно ѝ се препушташе во славните маратонски сетови во Berghain. Извонредната посветеност на Klock му донесе посебна музичката широчина во неговиот стил, неопходна за во 2015 година во полнокрвен техно сет да ја освои и ултимативната диџејска награда, BBC’s Essential Mix of the Year! Изминатите повеќе од 10 години Klock е редовно на самиот врв на сите анкети на публиката, а и неговата самостојна издавачка куќа „Klockworks“ е високо ценета. Во Скопје, овој врвен диџеј и продуцент ќе го претстави својот уникатен звук на главната бина, на финалната вечер за затворање на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, во настап со висока продукција кој секако ветува повеќесетилно искуство.

IAMDDB

IAMDDBВелика Британија

Dianna De Brito подобро позната како IAMDDB е водечката уметница на британската хип-хоп ренесанса, извор на самодоверба и талент која ја преточи својата генијалност во глобална популарност. Комбинирајќи безвременски џез и соул со модерен трап и р’н’б, созададе сопствен стил кој го нарече урбан џез и важи за најкреативните уметници на новата сцена од британскиот остров.

Инспирирана од нејзиното португалско и анголско наследство таа создава свеж звук, враќајќи ја женската моќ на музичката сцена. IAMDDB е уметник без филтер кој во музиката ги пренесува своите вредности разговарајќи за суровата реалност, спиритуалноста и благосостојбата.

Несомнено е артист со молскавичен подем со објавени статии за нејзе во претпознатливите медиуми British Vogue, Elle, GQ, Wonderland, Dazed, Evening Standard, The Guardian, Crack, NME и многу други. Покрај споделување на нејзината уметност во музиката како пејачка и текстописец, таа е дел и од модната индустрија со успешни кампањи за светско познатите брендови Mulberry, Browns, Moncler и Tommy Hilfiger.

Sodom

SodomГерманија

Германскиот бенд, Sodom, е еден од клучните бендови на светската треш метал сцена. Неговите членови неприкосновено владеат со жестокиот метал звук, длабоко вкоренет во најдлабокиот андерграунд. Sodom e суверен носител на титулата еден од најценетите треш метал бендови на стариот континент, додека со своите демо снимки, а посебно со своето прво ЕП издание „Under The Sign Of Evil“, според многу критичари овој бенд ги постави темелите и на блек метал музиката.

Во својата кариера долга четири децении бендот ги освои сите континенти со својот директен и сиров звук, стекна армии фанови во сите краишта на светот и, што е најбитно, ниту чекор не отстапи од своите почетни принципи. Објавија 16 студиски албуми како и бројни синглови, компилации, видео изданија, а пред самото доаѓање за прв пат во Македонија на Таксират, бендот го објави јубилејното делукс издание по повод 40 години творење, под наслов „ 40 YEARS AT WAR - THE GREATEST HELL OF SODOM“.

La Pegatina

La PegatinaШпанија

LA PEGATINA можеби се една од најубавите емоционални експлозии на музичката сцена, со латински ритам кој флертува заедно со каталонската румба и ска музиката, правејќи вистински панк делириум.
На главната вечер на Таксират тие ќе ни го претстават своето ново шоу ‘Hacia otra parte’ со обновена и поенергична постава од било кога досега. Ќе биде невозможно да престанете да се движите, уживајќи во нивните најпопуларни песни како ‘Maricarmen’ и ‘Lloverá y yo veré’, а и во нивните последни хитови ‘Y volar’ и ‘Down For Love’.

Поливалентни и секогаш во потрага по оригиналност, тие имаат објавено осум албуми, еден документарен филм и видеоигра. Знаат како да ве разиграат и тоа го потврдуваат повеќе од 1200 настапи низ 35 држави, правејќи ги LA PEGATINA еден од најинтернационалните бендови во светот.

Buč Kesidi

Buč KesidiСрбија

Buč Kesidi, е инди-рок/електро/диско дуо од Панчево, составено од Лука Рачиќ на гитара и Зоран Зарубица на тапани, основано во 2014 година со идејата да ја „размрдаат“ и збогатат музичката сцена со оригинални и модерни рок изданија. Тие се моментално најпопуларното име на новата регионална сцена, со милиони на нивните YouTube видеа и секогаш рекордно распродадени концерти.

Со нивниот последен албум “Euforija”, тие го имаат запечатено своето место како предводници на новата генерација на алтернативната сцена во Србија. Ова издание е препознаено од публиката, музичките портали и музички критичари како што се Жикица Симиќ, Петар Јањатовиќ, Срѓан Страјниќ како најдобар албум во Србија во 2019. Покрај тоа групата се има закитено со награди од RUNDA, GODUM, MAC Awards, Adria Muzzik Video Awards, ELLE Style Awards и номинација на “Euforija” за најдобар независен европски албум во 2019 година од страна на најголемото здружение на независни издавачи во Европа - IMPALA.

Бендот го обележуваат хит песни меѓу кои „Idemo do hodnika“, „Nema ljubavi u klubu“, „Nedela ujutro“, видео спотови и концерти по регионалните клубови и фестивалите како Д Фестивал, EXIT, Arsenal Fest, Belgrade Beer Fest и други. Во моментов тие го подготвуваат својот трет албум, но не се откажуваат од концертите ширум регионов.

Зад Аголот

Зад АголотМакедонија

Зад Аголот е хип-хоп група од Скопје, едно име зад кое стојат групите: СВП, Длабока Трага, Контра Напад, Римиски Масив, Паки и Дј Оки Доки. Во овој колектив почнаа да творат во 2011, а во јуни 2012 година, го промовираа својот деби албум „Чувај во Вистинко Волу. 1“ кој е избран за најдобар регионален хип-хоп албум истата година, според „Balkan Hip-Hop Radio“ (Хрватска).

Од тогаш тие го запечатуваат своето место на регионалната хип-хоп сцена со многубројни награди, албуми, концертни тури и препознатливи проекти меѓу кои и хуманитарната акција „Зад Шпиунката“ и движењето Соулментал. Значајни се и нивните настапи со бугарските хип-хоп артисти – 5’О Clock, Аtila и Dj Akasha, како и американските хип-хоп артисти Sick Jacken, Slaine и Danny како домашна поддршка на нивната турнеја „Violent Voices“.

Во текот на 2017 година, во соработка со Јордан Симонов и МКЦ работат на „Црнила Ремикс“ – хип-хоп претстава според мотиви на класичното драмско дело од Коле Чашуле. Оваа претстава е првиот македонски и балкански хип-хоп мјузикл.

Flooder

FlooderМакедонија

Неговото име е доволно присутно на локалната сцена за да ве асоцира на неговиот посебен стил на презентирање на музика.

Ниту неговиот стил ниту пак неговата музика имаат тендеција да се повторуваат, следствено на ова Флудер секогаш е во потрага по нешто ново и возбудливо кое е наменето за доброто расположение на публиката.

Во текот на неговата работа како диџеј има можност да ја сподели диџеј кабината со следните артисти како што се: Carl Cox, Richie Hawtin, Nina Kravitz, Solomun, Peggy Gou, Charlotte De Vite, Kittin, Moodymann, Ben Klock, Umek, Deetron, Valentino Kanzyani, Matthew Johnson, AME, Lehar, Franky & Sandrino, Musumeci, HEIDI, Martin Buttrich, Robert Dietz, Dan Curtin, Steve Rachmad, Christian Smith, John Selway, и др.

Втора Хала

Ba$ha

Ba$ha

Србија

Ba$ha е младата сензација од српската музичка сцена која го маѓепса регионот со своите песни „mesec“ и „DISKO“. На Таксират тој ќе ни ја престстави трап музиката во друго светло, со мелодии кои нема да ве остават рамнодушни.

Hiljson Mandela

Hiljson Mandela

Хрватска

На нашите простори добро познат како дел од хип-хоп групата KUKU$ KLAN, Иван Хиља под уметничкото име Hiljson Mandela својата соло приказна ја започнува во 2020 година. Следејќи ги неговите сингл песни, оваа година тој го објави својот деби албум „Mandela Effect“ кој ќе имаме шанса да го слушнеме во живо на Таксират.

Prince$$ Donatsu

Prince$$ Donatsu

Македонија

Принцезата на домашната трап сцена, Prince$$ Donatsu е вокал со кој се запознавме во 2019 преку нејзината песна „Битола“. Таа оттогаш продолжува со своето присуство на музичката сцена, истовремено користејќи го тој момент да биде гласник на себе-изразувањето и феминизмот.

Donplaya

Donplaya

Македонија

Дел од MVRSVR продукција, Donplaya е лик кој е неизбежен на домашната и регионалната трап сцена. Од своите почетоци станува препознатлив по своите песни „Donplejada“, „Nogu K**** Musli Jadat“, па сѐ до бројните соработки од кои се истакнува синглот „Slav Life“ заедно со KUKU$, кој до ден денес е хит – остварувања со кои тој веќе го има запечатено своето место на македонската музичка сцена.

Young Dadi

Young Dadi

Македонија

Young Dadi дел од тимот на Sure Shotz е млад уметник секогаш спремен за експериментирање и создавање музика надвор од својата комфорна зона. Со својата хит-песна „5 до 2“ тој во моментов е најпопуларниот музичар на македонската трап сцена, познат по својот уникатен стил кој зема инспирации од различни жанрови.

Продажни места

СКОПЈЕ

LITERATURA.MK – EAST GATE MALL
LITERATURA.MK – VERO JUMBO
LITERATURA.MK – ГТЦ ПРИЗЕМЈЕ
LITERATURA.MK – Ул. Македонија
LITERATURA.MK – RAMSTORE MALL
LITERATURA.MK – ТЦ БУЊАКОВЕЦ
LITERATURA.MK – SKOPJE CITY MALL
ЈУГОТОН – ГТЦ 1 кат

ВЕЛЕС

УНИСОН – Благој Ѓорев 9

РАДОВИШ

HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43

ПРИЛЕП

T.A. БРАН – Пере Тошев 75

СТРУМИЦА

ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2
LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4

КУМАНОВО

Кафе Бар АГОРА – T.Ц. Гарнизон

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

CLIFF OF MOHER PUB – Маршал Тито

БИТОЛА

TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак
LITERATURA.MK 2 – Широк Сокак 40

ГОСТИВАР

TOBACCO BNB – ул ЈНА бр.1
ВОНА ПЕТ – ул. Живко Брајковски 15

ТЕТОВО

ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2
ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176

ОХРИД

TA ВИС ПОЈ – Бул. Македонски Просветители бр.1

ПРИШТИНА

RAVE TRAVEL – PRISTINA – Fehmi Agani Street 20
rave-travel.com