07-12-2021

СЦ Борис Трајковски 20:00

MKTickets Logo

Купи карта online
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

650 денари

На 7 декември 2021 во СЦ Борис Трајковски во Скопје се собираме на главната вечер на ТАКСИРАТ Фестивал • едиција #23.

Листа на артисти

BORIS BREJCHA

BORIS BREJCHAГерманија

Суперѕвездата на новата генерација, големиот мајстор кој создаде свој звук и со вртоглав подем на самиот врв на светската сцена дочека неговиот high-tech minimal да биде еден од најпопуларните правци на денешницата, конечно настапува кај нас.

ANN CLUE

ANN CLUEГерманија

Позната по својата харизма и непредвидливи сетови, како страстен љубител на музиката Ann Clue со посебна енергија го презема водството зад диџејскиот пулт и ги освојува подиумите низ целата планета. Објавува и за етикетата FCKNG – SERIOUS, на која е воедно и еден од основачите, а нејзиното име е веќе запишано на Awakenings, EDC Las Vegas, Exit, Time Warp, Sonus, OFF Sonar и бројни битни настани на електронската сцена.

PARTIPREJKERS

PARTIPREJKERSСрбија

Eден од највлијателните и најистрајни бендови на рок сцената во регионов. Панк енергија, блузерска душа и гараж став кои речиси точно 40 години воодушевуваат испорачувајќи моќен звук на секогаш искрените настапи.

Мизар

МизарМакедонија

Со уникатната музичка идеологија која вкрстува готик-рок, византиски и старословенски црковни пеења, и македонски етно мотиви, МИЗАР прерасна во антологиско име запишано и меѓу пионерите на дарк-вејв естетиката во регионов. Со 40-годишен творечки опус, но и нов албум, МИЗАР се враќа на главната бина!

SANATORIUM

SANATORIUMМакедонија

Најзначајната македонска треш-метал група и веќе култно име кое повеќе од три децении е музичка лектира за балканската метал сцена

Z++

Z++Хрватска

Eдно од најперспективните хрватски музички имиња кое доаѓа како хит од осиечката трап сцена, но маестрално надминувајќи ги рамките на стилот. Или како што го нарекува критиката - волшебникот кој сѐ прави сам – музика, текст, продукција, микс и мастеринг, и тоа со врвен квалитет својствен само за најдобрите.

Crni Cerak

Crni CerakСрбија

На втората бина на Таксират Фестивал #23 пристигнуваат римите и новиот звук кои се слушаат на секој агол низ белградските улици 👉 новите клинци од Србија кои творат и настапуваат како Crni Cerak. Секси, Армани (Ourmoney) и Биба со својата музика претставуваат фузија од сурови влијанија - Chicago Drill и француски трап, обвиени во битови и приказни од маало, додека ги обработуваат мрачните теми на секојдневието.

Продажни места

СКОПЈЕ

  • ЛитератураМК – ГТЦ приземје | пон-нед 9:00-21:00 | Kонтакт: 078 264 754
  • ЛитератураМК Super Store – Skopje City Mall | пон-нед 10:00-22:00 | Контакт: 078 264 754
  • ЛитератураМК – ул.Македонија | пон-нед 9:00-21:00 | Контакт: 078 264 754
  • ЛитератураМК – Т.Ц. Буњаковец | пон-нед 9:00-21:00 | Контакт: 078 264 754
  • ЛитератураМК – Веро Центар | пон-нед 10:00-22:00 | Контакт: 078 264 754
  • ЛитератураМК – Ramstore Mall | пон-нед 10:00-22:00 | Контакт: 078 264 754
  • Југотон – ГТЦ прв кат | пон-пет 9:00-21:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 02 323 9860
  • МКЦ – Кеј Димитар Влахов бр.15 | вто-саб 13:00-20:00 | Контакт: 02 311 5225
  • Кафе Круг – ТЦ Бисер | пон-нед 10:00-01:00
  • Кафе Браво – Т.Ц. Буњаковец | пон-нед 10:00-01:00
  • Кафе Котур – Центар | пон-нед 10:00-01:00

КУМАНОВО

  • Кафе бар Агора – T.Ц. Гарнизон | пон-нед 8:00-1:00

ТЕТОВО

  • Тобако Монако – ул.Илинденска бр.176 | пон-нед 6:00-24:00 | Контакт: 070 428 307
  • Гранд Тобако – ул.29 Ноември бр.107 лок 2 | пон-саб 8:00-20:00, нед 8:00-14:00 | Контакт: 070 428 307

ГОСТИВАР

  • Тобако Вона Пет – ул.Живко Брајковски бр.15 | пон-нед 9:00-22:00 | Контакт: 078 399 228

ВЕЛЕС

  • Унисон – ул.Благој Ѓорев бр.9 | пон-нед 10:00-22:00 | Контакт: 070 375 887

ШТИП

  • Coffee Lab – Кеј Маршал Тито | пон-нед 8:00-00:00 | Контакт: 074 202 222

БИТОЛА

  • ЛитератураМК – Широк Сокак бр.40 | пон-нед 9:00-21:00

КАВАДАРЦИ

  • Street Cafe | пон-нед 10:00-01:00

ПРИЛЕП

  • T.A. Бран – ул.Пере Тошев бр.75 | пон-саб 8:00-20:00 | Контакт: 048 411 188

ОХРИД

  • ТА Вис Пој | пон-саб 08:00-20:00

СТРУМИЦА

  • ТА Сафари | пон-саб 09:00-17:00

ПРИШТИНА

  • Rave Travel – Rr. Fehmi Agani, Hymja 20 / Kati 3, ( Kafet e Vogla Monro) | пон-чет 11:30-18:00, пет 11:30-17:30 | Контакт: +383 49 759 859