07-12-2023

СЦ Борис Трајковски

25-ти ТАКСИРАТ дочек со ПАСВОРД фамилијата!

Во Главната вечер ги собираме ТАКСИРАТ резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на Таксират или уште поважно, екипата која во моменти и ни помогна да опстоиме. 

Поставуваме 3 сцени, 10 изведувачи во една вечер, на која збирно место има и новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена.1999, од прв ТАКСИРАТ, преку МКЦ, па низ некогашен Скопски Саем, Хала 2, Метрополис Арена, off-Таксират секаде низ Скопје, и уште сме тука! 

За финале на 25-ти јубилеј, за да ечи позитива: преврти го Скопје наопаку! 

7.12. 2023, Арена Борис Трајковски!

Листа на артисти

Dub FX

Dub FXАвстралија

Бен Стенфорд роден во Мелбурн, го носи уметничкото име Dub FX. Ја започнува својата кариера како уличен изведувач обиколувајќи повеќе од 40 земји и продавајќи четвртина милион плочи. Неговата напорна работа и енергичните настапи го однесоа на најголемите светски фестивали, како што се Coachella, Sziget и Glastonbury. Dub FX уникатно работи со неговиот глас, лупови, битови и ритам. Очекувајте сè, од dub, reggae до broken beats.

Acid Arab

Acid ArabФранција

Acid Arab е дует од Париз чија цел е да направи микс од сите видови на источна музика (Северна Африка, Либан, Египет, Турција или… Мумбаи) со електронски звуци, од пионерска acid house до денешно моќно techno. Guido Minisky и Hervé Carvalho (+ Sex Schön во студио), двајцата DJи долги години, резиденти на озлогласениот париски клуб Chez Moune, се заљубија во оваа музика по патувањето во Тунис со Dj Gilb’R. Родени во транскултурниот Париз, нивниот концепт е да создадат простор за арапската култура во светот на современата електронска музика.

Dubioza Kolektiv

Dubioza KolektivБосна и Херцеговина

Оваа година меѓународно најуспешниот бенд од регионов, босансиот „Дубиоза колектив“, одбележува две децении постоење. Од првиот настап во 2003 г. и првиот албум објавен во 2004 г., па сѐ до актуелниот „Агрикултура“ имаат снимено 10 албуми, еден ЕП и двоен албум во живо. Со изведби на сите меридијани, тие имаат одржано над илјада концерти во 42 држави, а на уличните свирки не им се ни знае бројот. Глобално, „Дубиоза колектив“ е најдобриот извозен музички производ од Босна и Херцеговина на сите времиња, со огромен број меѓународни концерти, бенд што во 20 години постоење ја освои публиката од различни возрасти во секој дел од планетата.

Let 3

Let 3Хрватска

Let 3 е хрватски рок бенд основан во Риека, Хрватска, 1987 година. Фронтмени се Дамир „Мрле“ Мартиновиќ и Зоран „Прља“ Продановиќ. Особено популарен во поранешна Југославија, бендот е познат по нивниот оригинален пристап кон рок музиката и нивните непристојни настапи во живо. Нивните песни често содржат провокативни и вулгарни текстови. Тие ја претставуваа Хрватска на Евровизија 2023 година со песната „Mama ŠČ!“.

S.A.R.S.

S.A.R.S.Србија

S.A.R.S. е популарен српски алтернативен рок бенд кој е формиран во Белград во 1992 година. Името на бендот е акроним за „Свежо ампутираната рака на Сатријани“. Бендот стана популарен во раната 2000-та со нивниот хит сингл „Buđav lebac“ кој стана народна химна и им помогна да стекнат верна фан база. Музиката на S.A.R.S. е спој на различни жанрови, вклучувајќи рок, панк, ска и реге, со текстови кои се фокусираат на општествените проблеми како корупција, сиромаштија и општествена нееднаквост.

Smoke Mardeljano

Smoke MardeljanoСрбија

Милош Стојановиќ, попознат по неговото уметничко име Smoke Mardeljano, е еден од најпочитуваните српски андерграунд хип хоп музичари, чиј живот е рапот. Со уникатен музички израз, тој е најпрепознатлив по неговиот изразен флоу, убиствените рими и непобитно талентиран текстописец. Досега има издадено едно EП и четири албуми, а на пат е и петти албум. Соработувал со бројни рап музичари во регионот, пред се со Cyam и Prti Bee Gee и многу други. Тој е член на и хип хоп групата Mrak Klan заедно со Povlo, Kiža и Džiboni. Тој има одржувано многу концерти низ државите на поранешна Југославија.

Кирил Џајковски

Кирил ЏајковскиМакедонија

Со успешна музичка кариера која се протега во текот на две децении, Џајковски е без сомнение еден од најпочитуваните електронски артисти во источноевропскиот регион со безброј пофалби од музички критичари.
Тој се смета за легенда во светска музика и е основач на глобалниот феномен познат како Балкан Бит. Џајковски е еден од продуцентите пионери кои ги воведоа балканските етнички звуци во модерната продукција на денс музика, а исто така и успешен композитор на филмска и театарска музика.

SMUT

SMUTМакедонија

Кога SMUT пред 25 години почнаа да свират, немаше метал-кор во Македонија. Денес зборуваме за бенд кој е основоположник на стилот во регионот и една од најценетите групи во овој дел од Европа. Во 1996 година во Западно Скопје групата ја формираа деца кои денес се семејни луѓе со пет албуми, огромна и веројатно најверна фан-база на сцената и стотици концерти зад себе, од кои некои заедно со Sick of It All, Biohazard, Integrity, Hatebreed, Madball, Ignite…

Страјк

СтрајкМакедонија

Васил Димовски професионално познат како Страјк е македонски рап артист, диџеј и графити артист, член на рап групите Легијата и СТР2, како и соло изведувач. Страјк е активен на музичката сцена од 1997 како еден од основачите на Легијата, и еден од првите артисти кои сорабутаваа со Шурикен Рекордс. Неговата музика е препознатлива по нејзиниот андерграунд уличен стил во која тој често обработува сурови теми за уличниот живот во Скопје.

Мimi Mercedez

Мimi MercedezСрбија

Милена Јанковиќ, подобро позната како Мimi Mercedez e една од првите раперки на српската музичка сцена и денеска е исто така и една од најуспешните и истакнати претставнички на жанрот. Од нејзиното деби во 2011 година до сега таа во својата дискографија таа има пет студиски албуми, од кои нејзиниот втор албум „Našminkam se i pravim haos“ е моментот кога таа влегува во меинстрим сцената со хитови кои денеска бројат милиони прегледувања на музичките платформи. Оттаму таа го има запечатено своето место на музичката сцена во регионов и продолжува да создава музика која е тешко да се заборави.

Продажни места

СКОПЈЕ

  • ЛитератураМК East Gate Mall
  • ЛитератураМК Skopje City Mall
  • ЛитератураМК Улица Македонија
  • ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
  • Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
  • Кафе Браво
  • Кафе Круг
  • Кафе Гарсон

КУМАНОВО

  • Кафе бар Агора – T.Ц. Гарнизон | пон-нед 8:00-1:00
  • Т.А. Јоцо Турс – ул.Октомвриска Револуција бр.8 | пон-саб 8:00-20:00 | 03 142 9426

ТЕТОВО

  • Тобако Монако
  • Гранд Тобако

ГОСТИВАР

  • Вона Пет

ОХРИД

  • Туристичкаа агенција Вис Пој

БИТОЛА

  • ЛитератураМК
  • Brothers Tobacco

ПРИЛЕП

  • Туристичка агенција Бран

КУМАНОВО

  • Тобако Агора ТЦ Гарнизон

СТРУМИЦА

  • ЛитератураМК
  • Туристичка агенција Сафари

ВЕЛЕС

  • Унисон

ШТИП

  • City Point Tobacco 1
  • City Point Tobacco 2 (Stip City Mall)

КАВАДАРЦИ

  • Street Bar

ГЕВГЕЛИЈА

  • Тобако Ле-Ни Плус