Таксират #21
VIP Arena 20:00
Листа на артисти
Peter Bjorn and JohnШведска
Шведското инди-поп трио, познати по синглот „Young Folks“, ќе триумфира со нивната алхемија на различни тонови и стилови на фестивалското финале на Таксират 21.
Почетоците на бендот Peter Bjorn and John се од времето на нивните средношколски денови во 1999 година кога Peter го запознал Björn и формирале група, а по аудицијата за тапанар им се приклучил и John. Нивниот деби-албум се појавил во 2002 година и е снимен на евтин продуцентски софтвер што самите го набавиле.
Публиката ширум светот ги познаваат по нивниот хит „Young Folks“ од 2006 година, кој се најде на сите топ-листи, во многу филмови, ТВ серии, па дури и на видеoигри. Како што самите велат, тајната за нивното постоење се наоѓа во постојано менување на звукот. По две децении посветеност и свирење низ различни координати на светот, објавиле девет студиски албуми и секој нов албум звучи како прво заљубување во музиката. Нивниот деветти студиски албум „Endless Dream“ е доказ за креативната и уникатната хемија на Peter Morén, Björn Yttling и John Eriksson, кои долго време работеле на него.
Peter Bjorn and John ќе настапат на главната вечер на Таксират 21 на 7-ми декември во СЦ Борис Трајковски, заедно со претходно најавените изведувачи: Chase & Status и „Хладно пиво“.
Хладно ПивоХрватска
Ги пееме нивните песни, зошто животот зборува преку нив. Ги обожаваме нивните концерти, зошто генерации и генерации растеа со нив на овие простори.
Најголемиот хрватски панк-рок бенд „Хладно пиво“, предводени од Миле Кекин, се враќаат во Скопје за фестивалското крунисување на 21-во издание на Таксират. Познати како мајстори на концерти во живо и со неуморна панк-рок кариера од 20 години, важат за бенд, кој покрај добар звук имаат и проникливи текстови, пренесувајќи критиката на модерното општество и животот кој го живееме.
На 7-ми декември „Хладно пиво“ ќе нè соберат на едно место и со урнебесно енергичен настап ќе ни одржат лекција. Не е сè така сиво!
Chase & StatusВелика Британија
Британските бејс продуценти и херои на електронската сцена Chase & Status пристигнуваат во Скопје. Chase & Status на 7-ми декември во СЦ „Борис Трајковски“, ќе настапат со моќен сет на фестивалското Таксират финале и конечно пред македонската публика ќе покажат зошто важат за едни од најпочитуваните изведувачи во drum’n’bass светот!
Chase & Status повеќе од 16 години се активно присутни на светската музичката сцена и се вклучени меѓу хедлајн артистите на најголемите фестивали во светот. Во мај, годинава, го издадоа нивниот најнов албум, насловен „RTRN II JUNGLE“ со кој доаѓаат и на сцената на Таксират.
Vojko V Хрватска
На ТАКСИРАТ 21 се приклучува Војко В, легендарниот хрватски рапер и стиховен еквилибрист, добитник на три награди Порин годинава. Тој е познат и по својата работа во бендовите Дјечаци и Киша Метака. Во 2018 година одлучи повторно да заплови по соло водите и истата година оствари рекорден успех, веднаш распродавајќи ја малата сала во Домот на спортови во рамки на загрепската промоција на деби-албумот, „Војко“.
Дека неговото враќање на соло кариерата е одлична одлука, покажа тоа што неговиот прв сингл „Зови човика“, е прегледан речиси 3 милиони пати. Според хрватските медиуми, неговата кариера буквално експлодираше и за помалку од една година, Војко В стана еден од најраспродаваните артисти во регионот.
По успехот со „Зови човика“ во јануари минатата година, го „сруши интернетот“ со соработката со Тончи Хуљиќ и објавувањето на „Паста Италијана“. Пред настапот во распродадениот Дом на спортови, го објави спотот за „Како то“, кој го направи моментално најголемиот изведувач во регионот.
Војко В со прв настап во Скопје на главната бина како еден од најбараните изведувачи во регионов. Може? Не може. 7.12. СЦ Борис Трајковски.
Београдски СиндикатСрбија
После 6 години, најголемиот хип-хоп колектив од Србија, „Београдски синдикат“ – се враќа на Таксират 21.
Групата е оформена на 21.3.1999 година, три дена пред НАТО агресија на тогашната СР Југославија. Со текот на годините, „Београдски синдикат“ прерасна во една од најмоќните рап групи во Србија.
Нивните песни често укажуваат на различни проблеми во општеството. Едни од нејзините најпознати песни кои се однесуваат на општествените проблеми се „Niko ne može da zna“, „Welcome to Srbija“, „Pravo kroz vetar“, „Zajebi“ и „Sistem te laže“.
Легендите од Дорчол на 7-ми декември во СЦ „Борис Трајковски“, ветуваат енергичен настап со гласни пораки без забранети теми.
СуперхиксМакедонија
Ска-панк бандата, СУПЕРХИКС која четвртина век ја размрдува домашната сцена и којa во 2012 година го прослави своето полнолетство на Таксират на 7-ми декември ја пречекуваме на главната вечер на Таксират Фестивал #21!
Овој шестчлен бенд, своето постоење го започнува на почетокот од 90-тите и е формиран од страна на тројца средношколски пријатели: Петар Младеновски, Борис Минов и Зоран Жежов. Комбинацијата од ска, панк и хардкор се почетоците од музичката одисеја на СУПЕРХИКС, кој во моментот е надополнет со тенор саксофон, труба и флигел хорна.
Во 2000 година го објавуваат првиот студиски албум, насловен како „Чекај бе, викам…“ во издание на „Литиум Рекордс“ и нивниот карактеристичен звук со балкански битови ќе го привлече вниманието на публиката и ќе добијат поддршка од ТВ и радио станици низ целата земја.
Приказната за СУПЕРХИКС продолжува со издавање на нивниот долгоочекуван албум „Трумано“, кој во првите месеци е распродаден во 25 000 примероци, а 4 синглови од последниот албум „згрмуваат“ на сите радио и ТВ канали во Македонија, но и на Балканот. Во 2004 година следува европска турнеја на бендот што завршува со спектакуларен концерт во Скопје, свирејќи пред 5 000 луѓе.
Студиските албуми „И сега што“ (2008), „Африка“ (2012) и „Underground Evergreens“ (2017) следуваат во наредните години и го издигнуваат бендот на едно повисоко рамниште. За сите оние кои уживаат во ска-панк, СУПЕРХИКС претставува поим за квалитетен бенд и музика што ја размрдува целата публика.
ВеркаМакедонија
Моќниот звук на настапите во живо, миксот со традиционалното и текстовите на наш јазик ги ставаат во категорија – the best of Macedonia.
Етно метал бенд, Верка, кои се потпишуваат зад три студиски албуми ќе го отворат Таксират фестивал 21, на 7-ми декември во СЦ Борис Трајковски.
Buntai Хрватска
Buntai e кјут јапонско име за генг, или група, а тоа e и совршениот опис за нив. Најмладите и најкјут на хрватската трап сцена. Претходниот месец излезе хитот „Roxtar“ со Kuku$, а ако ги преслушувате, препорачуваме „Air Max“ и „Hangman“.
7-ми декември, втора хала – Taksirat Festival #21
Kuku$ KlanСрбија
Ако не си ја чул „Real Slavs“, провери дали ти се платени ланските сметки за интернет од септември, можно е да си немал интернет и живееш во изолација. А ако си ја чул, не брзај со радости има и друг материјал што треба да се научи/повтори. Загребската menage a trois, Балканот го освои со уште пар синглови како „Oce K….“ ft. Fox, „Bode Miller“ ft. Surreal и најновиот хит наречен „Roxtar“ со Buntai.
MVRSVRМакедонија
MvrSvr Production или министерство за внатрешни работи сектор за внатрешни работи за неупатените. Домаќините меѓу траперите, индивидуално познати како Донплеја - директорот на МВРСВР, Бон Праскиза - своевремен доајен на камсерството, Секси Марса од Тафталиџе и Принцес Донатсу како претставничка на погордиот пол.
30zonaХрватска
Со отворено досие и неколку хитови зад нив, загребското дуо 30 Zona веќе го запечати своето место на трап сцена. Shin и Galaš доаѓаат за прв пат во Македонија, а очекуваме атмосфера во која ќе заборавите дека сте на Taksirat Festival #21 и ќе се осетите како на утакмица: ФК „Илинден“ – Долнени со ФК „Пелагонија“ – Логоварди.
KlinacСрбија
Klinac е најмладиот трап артист на Taksirat Festival #21, соодветно за неговиот алијас. Нека не ве лажат годините. Основач е на еден од најпознатите трап лејбели на балканот - Apollo. Доаѓа од Србија и пред еден месец го извади синглот „Nemam Mira“ кој растури на Youtube. Чујте ги и „Korak Ispred“ и „U sumrak svetla“
Продажни места
СКОПЈЕ
- Штанд – Skopje City Mall | пон-нед 12:00-20:00
- Кафе Браво – ТЦ Буњаковец | пон-саб 8:00-00:00, нед 18:30-00:00
- Цвеќарница Розе – Веро 2 | пон-саб 8:00-22:00, нед 8:00-14:00 | Контакт: 02 3061 364
- Југотон – ГТЦ први кат | пон-пет 9:00-21:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 02 323 9860
- Literatura.mk – ГТЦ приземје | пон-нед 9:00-21:00 | Kонтакт: 078 264 754
- Literatura.mk – ул.Македонија | пон-нед 9:00-21:00 | Контакт: 078 264 754
- Кафе бар Котур | понеделник-недела (09:00 – 00:00) | контакт – 078/357-896
- Рок Бар Аеродром | понеделник-недела (08:00-00:00) | контакт – 02/245-1081
- Бар Синдикат | понеделник-недела (08:00-00:00) | контакт 076/454-515
- Кино Карпош | понеделник-недела (08:00-01:00) | контакт 02/321-3515
- Универзална Сала – Бул. Партизански одреди бб | 8:00-20:00 | Контакт: 02 324 5614
- МКЦ – Кеј Димитар Влахов бр.15 | вто-саб 13:00-20:00 | Контакт: 02 311 5225
- Tobako Shop Expanda – Skopje City Mall | пон-нед 10:00-22:00| Контакт: 078 363 219
- Т.А. Савана – ул.Орце Николов бр.20 | пон-пет 9:00-20:00. саб 10:00-15:00 | Контакт: 02 3115 826
- Т.А. Атлантис – ТЦ Бисер, Аеродром | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Kонтакт: 02 6092 212
- Т.А. Атлантис – ул.Луј Пастер бр.1, локал 8, Палата Македонија,Центар | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00| Kонтакт:02 3229 922
- Т.А. Art of Travel – ул.Лондонска локал 2, 17а | пон-пет 10:00-18:00, саб 10:00-14:00 | Контакт: 02 3051 905
- Т.А. СТАФ – ул.Иван Козаров бр.43, Кисела Вода | пон-пет 10:00-18:00, саб 10:00-15:00 | Контакт: 071 451 633
- Т.А. Носталгија Травел – ул. Васил Ѓоргов бр.20 6 лок.18 | пон-пет 9:00-20:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 078 342 450
- Т.А. ЈК Травел – Т.Ц. Лептокарија | пон-пет 8:00-20:00, саб 10:00-15:00 | Контакт: 02 614 989
КУМАНОВО
- Кафе бар Агора – T.Ц. Гарнизон | пон-нед 8:00-1:00
- Т.А. Јоцо Турс – ул.Октомвриска Револуција бр.8 | пон-саб 8:00-20:00 | 03 142 9426
ТЕТОВО
- Тобако Монако – ул.Илинденска бр.176 | пон-нед 6:00-24:00 | Контакт: 070 428 307
- Гранд Тобако – ул.29 Ноември бр.107 лок 2 | пон-саб 8:00-20:00, нед 8:00-14:00 | Контакт: 070 428 307
- Тобако Теа 2 – Т.Ц. Палма, први кат | 24/7 | Контакт: 04 433 3124
ГОСТИВАР
- Вона Пет, ул.Живко Брајковски бр.15 | пон-пет 9:00-17:00 | Контакт: 078 399 228
ВЕЛЕС
- Унисон – ул.Благој Ѓорев бр.9 | пон-пет 9:00-17:00 | Контакт: 070 375 887
- Т.А. Мартин Травел – ул.Борис Трајковски бр.18 | пон-саб 9:00-23:30 | Koнтакт: 043 222 255
- Т.А. Атлантис – ул.Маршал Тито бр.1 | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 043 222 112
ШТИП
- Coffee Lab – Кеј Маршал Тито | пон-нед 8:00-00:00 | Контакт: 074 202 222
- Еуротурс – ул.Ванчо Прке 62 | Контакт: 078473181
- Т.А. Атлантис – ул.Борис Кидрич бб | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 3 2606 212
- We Travel – ул.Тошо Арсов 59 | Контакт: 078 419 995
- Т.А. ЈК Травел – зграда Кубус | пон-чет 8:00-19:00, пет 8:00-20:00, саб 10:00-15:00 | Контакт: 078 212 122
БИТОЛА
- Literatura.mk – Широк Сокак бр.40 | пон-нед 9:00-21:00
- Центро Трејд – ул.Никола Тесла бб ( стоковна куќа Марди ) | пон-саб 10:00-20:00 | Контакт: 047 609 424
- Тобако Brothers – ул.Широк Сокак бр.51 | 24/7 | Контакт: 047 610 990
- Т.А. Атлантис – ул.Климент Охридски бр.33 | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 047 227 212
- Т.А. Тео Травел – Широк Сокак | пон-пет 8:00-20:00, саб 8:00-16:00 | Контакт: 047 228 185
- Т.А. Бела Роза 2 – бул 1 Мај бр.185 | пон-пет 8:00-20:00. саб 9:00-15:00 | Контакт: 047 225 254
- ЈК Травел – ул.Добривоје Радосављевиќ бр.22 | пон-чет 8:00-19:00. пет 8:00-20:00. саб 10:00-15:00 | Контакт: 078 212 122
КАВАДАРЦИ
- Т.А. Атлантис – ул.Илинденска бр.16 | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 043 400 503
- Т.А. Супер Травел – бул.Македонија бб | пон-пет 9:00-21:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 043 550 773
ПРИЛЕП
- T.A. Бран – ул.Пере Тошев бр.75 | пон-саб 8:30-19:30 | Контакт: 048 411-188
- City Tobacco – ул.Борка Талески бр.19 | Контакт: 075 997 603
- Т.А. Атлантис – ул.Сотка Ѓоргиоски бр.3 (катна гаража) | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 048 550 767
- Тобако Плус – ул.Републиканска бр.55 |пон-чет 8:00-00:00 пет-саб 8:00-1:00, нед 8:00-00:00 | Контакт: 070 714 048
ОХРИД
- T.A. Бран – ул.Пере Тошев бр.75 | пон-саб 8:30-19:30 | Контакт: 048 411-188
- City Tobacco – ул.Борка Талески бр.19 | Контакт: 075 997 603
- Т.А. Атлантис – ул.Сотка Ѓоргиоски бр.3 (катна гаража) | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 048 550 767
- Тобако Плус – ул.Републиканска бр.55 |пон-чет 8:00-00:00 пет-саб 8:00-1:00, нед 8:00-00:00 | Контакт: 070 714 048
КИЧЕВО
- T.A. Меридијан – бул.Ослободување лок.8 | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-14:00 | Контакт: 070 355 600
- Т.А. Атлантис – бул.Ослободување бр.27/2-1 | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 045 511 377
СТРУМИЦА
- Т.А. Атлантис – ул.Димитар Влахов бр.18 | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 34 345 212
- We Travel – ул.Јосив Јосифовски Свештарот бр.1 | пон-пет 9:00-19:00, саб: 9:00-14:00 | Контакт: 078 419 995
- Лагуна Травел – ул.Братство Единство бр.2 | пон-пет 8:30-17:00, саб 9:00-14:00 | Контакт: 075 299 800
РАДОВИШ
- Т.А. Атлантис – ул.Свети Спасо Радовишки бр.121| пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 32 632 212
ГЕВГЕЛИЈА
- Т.А. Атлантис – ул.Бранд Петрушев бб (стара чаршија) | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 034 611 944
ГЕВГЕЛИЈА
- Т.А. Атлантис – ул.Бранд Петрушев бб (стара чаршија) | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-15:00 | Контакт: 034 611 944
КОЧАНИ
- Т.А. Либеро Травел – ул.Теодосија Паунов 16/2 | пон-саб 8:00-20:00 | Контакт: 072 272 800
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
- Cliff Of Moher Pub – ул.Маршал Тито | пон-чет 7:00-00:00, пет-саб 7:00-1:00 | Контакт: 078 431 249
ПРИШТИНА
- Rave Travel – Rr. Fehmi Agani, Hymja 20 / Kati 3, ( Kafet e Vogla Monro) | пон-чет 11:30-18:00, пет 11:30-17:30 | Контакт: +383 49 759 859