04-11-2022

Првите бендови кои ви ги претставуваме од годинашната програма на главната вечер на Таксират се SODOM, германскиот бенд кој 40 години неприкосновено владее со жестокиот звук како суверен носител на титулата еден од најценетите треш метал бендови на стариот континент и LA PEGATINA,  можеби една од најубавите емоционални експлозии на музичката сцена, со латински ритам кој флертува заедно со каталонската румба и ска музиката, правејќи вистински панк делириум.

SODOM во својата кариера долга четири децении, објавија 16 студиски албуми како и бројни синглови, компилации, видео изданија, а пред самото доаѓање за прв пат во Македонија на Таксират, бендот го објави јубилејното делукс издание по повод 40 години творење, под наслов „ 40 YEARS AT WAR – THE GREATEST HELL OF SODOM“.

Додека пак, LA PEGATINA ќе ни го претстават своето ново шоу ‘Hacia otra parte’ со обновена и поенергична поставка од било кога досега. Ќе биде невозможно да престанете да се движите, уживајќи во нивните најпопуларни песни како ‘Maricarmen’ и ‘Lloverá y yo veré’, а и во нивните последни хитови ‘Y volar’ и ‘Down For Love’.

Овие нови етапи во кариерата на двете групи, ќе можеме да ги проследиме на:

7 декември 2022, во Арена Борис Трајковски, Скопје.

Билетите за ТАКСИРАТ #24 се веќе во продажба онлајн ТУКА и во продажните места на МкТикетс.