ЛУЗЕР ФЕСТ 2025 – Отворен повик за демо артисти

Лузер Фест се враќа!

Оваа година како дел од програмата на ТАКСИРАТ повторно ќе се оддржи легендарниот натпревар за демо артисти ЛУЗЕР ФЕСТ!

Настанот ќе се одржи на 5 декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје, а повикот за учество е сега и официјално отворен!

Лузер Фест е наменет за демо артисти – самостојни музичари или бендови со авторска музика кои сè уште ја немаат никаде објавено. Од пријавените ќе се селектираат 6 до 8 финалисти кои ќе настапат во живо пред публика и жири, а победникот ќе биде одбран преку заедничко гласање.

Оваа година, победникот добива награда- снимање во вредност од 1.000 евра и честа да ја отвори финалната вечер на ТАКСИРАТ уште следниот ден на 6 декември.

Рокот за пријавување е до 1-ви ноември.

Без оглед на музичкиот жанр – ако имаш оригинална музика и желба да бидеш чуен, ова е твојата шанса. Пријави се и покажи кој си и што си!



    Доколку имате било какви дополнителни прашања, дилеми, евентуален проблем со пополнување на пријавата или прикачување на потребните материјали, ве молиме пишете на: nade@password.mk.

    Победникот ќе има шанса да ги искористи добиените средства во висина од 1000 евра за снимање своја авторска музика. Ова може да вклучува: снимање на албум во професионално студио, професионално снимање на синг и спот или издавање на 200 плочи од албум. Ова ќе биде договорено според потребите и интересите на артистот.

    Пасворд Продакшн ги задржува правата да објави компилација од сите артисти кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“.

    Аплицирањето е дозволено само за артисти со авторска музика кои досега немаат издадено своја музика под името под кое се пријавуваат.

    Пасворд Продакшн има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални мрежи.

    Селекцијата на финалистите ќе се прави по истекување на рокот за пријавување.

    СРЕЌНО!

     


    Партнери

    Skopsko Smooth
    Komercijalna Banka Master Card Iqos Time.mk
    Partner Logo Partner Logo