11-10-2020 - 11-10-2020

СЦ “Борис Трајковски” 20:00

– 30 ГОДИНИ ЉУБОВ –

Највлијателнатa фигурa во културниот живот на нашите простори, со уметничко влијание поголемо од било која жанровска дефиниција – Архангел, ќе настапи на Таксират Фестивал #22

Првиот од низата концерти, со кој ќе го одбележиме 22-рото издание на Таксират Фестивал, ќе се одржи на 11-ти октомври 2020-та година во СЦ “Борис Трајковски”.

Архангел е дел од најзначајните македонски остварувања на сите времиња и претставува темелник на домашната урбаната музика. Групата во својата кариера издава четири албуми: Архангел 1 и 2, Heart Core и Небесна машина, преку кои стекнува култен статус како една од најголемите и најквалитетните македонски рок групи. Во текот на годините, Архангел се здобива со бројни награди, меѓу кои награда за најдобар албум, најдобар концерт, песна на годината, најдобар текстописец, најдобар спот, како и награда за трајни музички вредности.

Билетите за концертот на Архангел се достапни во продажба онлајн и во продажната мрежа на MkTickets. Сите билети за концертот се исклучиво за седење, a капацитетот на просторот и билетите се ограничени на 1000 седишта, согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор.

Почеток на концертот е во 20 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со цел запазување на мерките за заштита од корона вирусот. На концертот е дозволено само седење, а задолжително е носењето маска, мерење на температура и дезинфекција. Ве молиме да ги почитувате мерките.

Продажни места

Скопје:

  • Literatura.mk – ул.Македонија | пон-нед 9:00-21:00
  • Literatura.mk – Skopje City Mall | пон-нед 10:00-22:00 |
  • Literatura.mk – Ramstore Mall | пон-нед 10:00 – 22:00 |
  • Literatura.mk – ГТЦ приземје | пон-нед 9:00-21:00 |
  • Literatura.mk – ТЦ Буњаковец 9:00-21:00 |
  • Универзална Сала – Бул. Партизански одреди бб | 8:00-20:00 |
  • Tobako Shop Expanda – Skopje City Mall | пон-нед 10:00-22:00|
  • Младински Културен Центар |кеј Димитар Влахов бр. 15|вто– саб 13:00 – 20:00|Контакт: 071 305 695
  • Кафе Браво| ТЦ Буњаковец 2-кат |пон-нед 10:00 – 00:00|

Куманово:

  • Кафе бар Агора – T.Ц. Гарнизон | пон-нед 8:00-1:00

Тетово:

  • Тобако Монако – ул.Илинденска бр.176 | пон-нед 6:00-24:00 |
  • Гранд Тобако – ул.29 Ноември бр.107 лок 2 | пон-саб 8:00-20:00, нед 8:00-14:00 |

Гостивар:

  • Вона Пет – ул.Живко Брајковски бр.15 | пон-пет 9:00-17:00 |

Велес:

  • Унисон – ул.Благој Ѓорев бр.9 | пон-пет 9:00-17:00 |

Битола:

  • Literatura.mk – Широк Сокак бр.40 | пон-нед 9:00-21:00

Прилеп:

  • T.A. Бран – ул.Пере Тошев бр.75 | пон-саб 8:30-19:30 |

Охрид:

  • Т.А. Вис Пој – ул.Македонски Просветители бр.7 (наспроти Основен Суд) | пон-пет 20:00-17:00, саб 9:00-16:00

Кичево:

  • T.A. Меридијан – бул.Ослободување лок.8 | пон-пет 9:00-17:00, саб 9:00-14:00|