18-10-2019

„Лузер фест“, традиционален предвесник на финалната вечер на „Таксират“ оваа година ќе се одржи на 6 декември во Младински културен центар во Скопје. Настанот е наменет за демо артисти и изведувачи од сите жанрови кои создаваат авторска музика и кои досега немаат официјално издание. Победникот на „Лузер Фест“ ќе биде награден со снимање на студиски албум, во издание на „Пасворд Продакшн“.

Сите заинтересирани бендови се молат на овој линк да достават кратка биографија и 3 снимки, кои можат да се од настапи во живо, демо-снимки или од проби. По барање на бендовите на кои им е потребно повеќе време за да го подготват материјалот за пријавување, конкурсот за „Лузер фест“ е продолжен до 1 ноември.