04-12-2019

Оние кои ги следат случувањата на алтернативната сцена запознаени се дека Лузер Фест“ е вечер посветена на демо артисти и изведувачи од сите жанрови.

Годинава, пристигнаа 40 материјали од различни изведувачи, кои сакаат пред домашната публика да претстават својата музика. „Пасворд Продакшн“ направи селекција од 8 млади артисти кои на 6-ти декември ќе настапат во живо во Младински културен центар.

Како и секогаш, победникот ќе го избере публиката, заедно со тајно жиро, кое само помага со своето искуство да победи најдобриот. Наградата за прво место е снимање на албум, објавен од страна на „Пасворд Продакшн“.

Во петок во 20 часот ве очекуваме сите да му дадеме поддршка на новиот музички бран, а во продолжение следува список на млади изведувачи кои ќе ги слушнете таму.

ЅРЕТИ 

ЅРЕТИ 

ЅРЕТИ е македонски бенд создаден во јуни 2018 година, а го сочинуваат Сања Јакимова (вокал), Владимир Владимиров (гитара), Бојан Јанков (бас), Давид Стојкоски (клавијатури) и Ерик Омерагиќ (тапани). Од спонтано тридневно творење во Прага, произлегува и нивното прво ЕП издание „„Слатки, мали музики“ со трите синглови: „Планини“, „Ветар“ и „О, слободи“.

MISANTHROPE

MISANTHROPE

MISANTHROPE е бенд од Битола, формиран во 2016 година. На почетокот, свиреле песни од други метал бендови, но желбата да почнат да создаваат нешто свое ги мотивирало да работат на авторски материјал. Во моментот работат на својот деби-албум.

WARDENCLYFFE

WARDENCLYFFE

WARDENCLYFFE е психоделик-прогресив трио, формирано пред година дена во Куманово. Бендот го сочинуваат: Немања Златановски (гитара), Давид Трајковски (тапани) и Павел Костадиновиќ (гитара).

CUT YOUR NIPPLE

CUT YOUR NIPPLE

CUT YOUR NIPPLE е тричлен бенд, формиран во 2018 година и свират P-Funk Rock. Составен е од Марко Печеновиќ (бас гитара и вокал), Павел Кузмановски (гитара) и Теодор Јаневски (тапани).

INNER HATE

INNER HATE

INNER HATE e бенд од Кичево, кој постои од 2017 година и во моментот се подготвуваат за снимање на нивниот прв студиски албум.

ХАЈКА

ХАЈКА

ХАЈКА е бенд кој постои од оваа година и го сочинуваат Теодор Атанасовски, Александар Атанасовски, Бојан Таневски и Филип Лафазановски.

ORANGE GROOVE

ORANGE GROOVE

ORANGE GROOVE е музичка експеримент и фузија на хип-хоп и трип-хоп со примеси на амбиентална музика и електроника.

ШЕС ЧАШИ СВЕШ ШВЕПС

ШЕС ЧАШИ СВЕШ ШВЕПС

ШЕС ЧАШИ СВЕШ ШВЕПС е неодамна формиран бенд, кој свири експериментален фанк. Неговите членови се: Виктор Стојановски (тапани), Раде Биковски (сајзер), Андреј Димовски (соло гитара), Лука Јованоски (гитара), Александар Мораитов (бас гитара) и Марко Печеновиќ (вокал).