Фестивал… тоа ти е африкански изум. Латините го патентирале, модерниот свет го прифатил, па и ние, како дел од глобалното село. И нашиот „ТАКСИРАТ“ ја потврдува дефиницијата од учебниците, и ние славиме… во име на музиката, за секого по нешто и во уникатна хармонија на различностите.

Првото издание на ТАКСИРАТ се одржа во 1999 година и од тогаш овој уникатен фестивал сè уште се одржува секоја година и сè уште има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје преку различни аспекти и пристапи на контра-културата. И покрај тоа што денес на сцената на Таксират настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, фестивалот сè уште успева да не премине во класичен комерцијален меинстрим настан и успева да го задржи својот оригинален имиџ со тоа што сè уште е цврсто заснован на темелите од своите почетоци односно идеалите и вербата во значењето на контра-културата.

Таксират Фестивал создаден со намера да го изрази револтот и незадоволството од културниот живот и музичката сцена во Македонија во тоа време, започна како мал фестивал (300 – 400 посетители) кој промовираше популарни музички артисти и групи од просторите на поранешна Југославија. Имено, зборот „таксират“ е стар турски збор кој во превод значи „судбина“, и тоа најчесто во негативен контекст како „лоша среќа“,„ несреќа“…  Денес пак, Таксират е високо-професионален настан на кој гостуваат светски познати музички ѕвезди и настан кој привлекува повеќе од 10.000 посетители од целиот регион само за главната фестивалска вечер. Преку своето одржување фестивалот на уникатен и својствен начин нè научи и покажа дека ’лошото искуство’ (таксират ☺ ) секогаш има и свои добри страни – нè тера да размислиме што може да направиме за да ги подобриме нештата, да научиме нови нешта, да работиме и да споделуваме искуства и доживувања, бидејќи токму на тој начин, преку постојаниот развој и споделување (на идеи, искуства, достигнувања, добра) животот добива смисла, цел и значење…  

Покрај главната музичка програма, Таксират фестивал секоја година е збогатен и со дополнителна т.н. офф-програма (off-program) како уметнички перформанси, арт филмови, театарски претстави, музичка конференција, работилници, шоукејс настапи, општествено одговорни кампањи кои ги промовираат позитивните вредности кај младата популација (No Guns, Stop AIDS, Be A Volunteer), промоции на нови музички изданија, претставувања на млади и неетаблирани артисти пред публиката и т.н.

До сега за тимот на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ настапија играчи од калибарот на Kaiser Chiefs, Buraka Som Sistema, Juliete Lewis, Tanya Stephens, Skindred, Parov Stelar Band, The Exploited, Moonspel, , Atari Teenage Riot, Asian Dub Foundation, Hladno Pivo, Guano Apes, Кирил Џајковски, TБ.Трачери, Fat Joe, Clawfinger, B-Real & Cypress Hill, Delinquent Habits, ФИСТ, Zea, KANIPCHEN-FIT, Чиста Околина, Фолтин, Eye Cue, Weding dub.,Fun Lovin’ Criminals, ХАУСТОР, LAIBACH, Рамбо Амадеус , The STRANGLERS, WAILERS, ATHENA, LET 3, DARKWOOD DUB, ЗАБРАЊЕНО ПУШЕЊЕ, KREATOR, IGGY POP & THE STOOGES, DJ TIMO MAAS, KULTUR SHOCK, Едо Маајка ,Дисциплина Кичме, ТIGA, The Roots, Marky Ramone, Audio Bullys, Swayzak, Neville Staple (the Specials), Суперхикс, Љубојна, Manu Chao La Ventura, Gentleman & The Evolution, Onyx, White Lies, Carl Craig, Dennis Ferrer, Majke, Beogradski Sindikat, Conquering Lion, Bad Copy, Pekinška Patka, Dubioza Kolektiv, DJ Premier, Ferry Corsten, Elemental, Mizar, Bernays Propaganda, Bei The Fish, String Forces, Phat Phillie, Diskobajagi, Fonija, A Venus Fly Trap и уште многу други.

 

На рамениците на Таксират:

  • Признание за Најоригинален концепт – Поврзување на Истокот и Западот (The Most Original Concept- Mix between the East and the West) – доделено од страна на Storm of Change музичката конференција во Дрезден, Германија
  • Номинација за Најдобар Рок’н’Рол Фестивал на Балкан (The Best Rock’n’Roll Festival on the Balkan Nomination)
  • Номинација за Најдобар странски фестивал (The Best Overseas Festival) на Британските Фестивалски Награди (UK Festival Awards) во 2008, 2009, 2010 и 2011 година
  • 7 години по ред Таксират Фестивал е номиниран за Најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор (Best Indoor Festival) и Најдобар мал фестивал (Best Small Festival) на наградите кои ги доделува најзначајната европска фестивалска асоцијација –  European Festival Awards.
  • Таксират Фестивал ја освои наградата “Green’N’ Clean” (во 2011 година) организирана од страна на Европската фестивалска асоцијација “YOUROPE”.
  • Во 2013 година Таксират ја организираше првата меѓународна музичка конференција во Македонија
  • Таксират фестивал до сега беше дел од повеќе успешно реализирани меѓународни проекти од областа на културата и уметноста кои се посветени на развој, промоција и подобрување на културната сцена и кои се дел од европските програми за култура, како што беа проектите Multiculturalism in Music (EACEA, Culture Program 2007-2013), Music Without Borders (IPA 2009) и други.