Panels-07Локација: МКЦ, Фросина
Датум и Време: 02.12.17 | 13:30ч

Дали ја гледаш големата слика? Ако си многу талентиран, дали се што треба да правиш, е да свириш? Што значи да се биде комплетен артист, кој дел од градбата на артистичкиот идентитет е повеќе или помалку важен? Настап, изглед, тим, стратегија.. како се проценува `растењето`? По број на настапи, висина на хонорари или квалитетна презентација на големата слика? Колку квалитетната презентација и изразот на артистот, соодветствува со талентот? Чекаш ли да бидеш откриен и спасен? Секој елемент од градбата и идентитетот на артистот, улогата на тимот кој артистите го создаваат околу себе. Можеш сам? Дали и кога мислиш дека е потребно да вклучиш професионалец, дали знаеш секоја улога што вклучува? (ПР, менаџер, агент, тур менаџер, издавач, тонец, продуцент, дизајнер..) Па дури и да ги имаш, дали на тебе останува само да застанеш на сцена?

Модератор:
Мартон Нарај
SoundCzech/Czech Music Office, Nouvelle Prague, CZ

Говорници:
Бојан Џорџевич
Ring Ring Festival, SRB
Бранислав Радојкович
Naked, SRB
Фредерик Фареу
ZN production, FR
Вајдас Штацкевичиус
M.P.3 Music Agency, LT
Жарко Ајдиновиќ
Drugstore, SRB
Никос Стефанидис
Mylos, GR