Panels-02Локација: МКЦ, Фросина
Датум и Време: 01.12.17 |15:30ч

Да, многу сме талентирани, супер музика имаме и никој не е како нас, но како тоа и никој не знае за нас?! Зошто главните термини на европската сцена денес (музичко експорт биро, „шоукејс“, музичка стратегија, итн.) кај нас ретко кој ги чул? Има ли кој да ја слуша твојата музика надвор од дома? Која е визијата за во иднина, бараме ли премногу? Чекаме ли некој друг да ни каже кои сме самите ние? Како може артистите и организациите да си пом огнат за успешен извоз? За почеток, дојди да ги „украдеме“ најуспешните примери па да пробаме и малку подобро од нив.

Модератор:
Катерина Евго
Taksirat, МК

Говорници:
Костадин Шурбановски-Шурбе
Kanal 103, MK
Ејнар Ајдсваг
Music Norway, NO
Франц Херегович
Austrian Music Export, AU
Александар Ним
Kultur Aktiv, DE
Петер Барош
SIGIC, SI