TAKSIRAT 18

Локација: Метрополис Арена, Скопје

Датум: 09 Декември 2016

Почеток: 19:00 ч.

Македонско „Ол-стар“ финале на ТАКСИРАТ 18!
АРХАНГЕЛ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, САНАТОРИУМ, ФОЛТИН и ЧИСТА ОКОЛИНА на иста сцена, во иста вечер!

За заокружување на годинашното издание, ТАКСИРАТ ја претставува главната вечер на фестивалот, како „Ол стар“ вечер со најголемите македонски музички имиња во живо! Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, ТАКСИРАТ со огромно задоволство, на големата бина во Метрополис Арена ќе ги претстави легендарните македонски музички уметници кои ги поставија темелите во музичкиот развој за сите следни генерации кај нас, со остварувања кои ги надминаа границите на земјава!

taksirat-glavna-vecer-nn

АРХАНГЕЛ – легендарната рок група која со своите безвременски хитови, како никој друг, постигна култен статус не само кај нас, туку ширум цела поранешна Југославија;

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ – најголемиот македонски електронски артист кој со своите настапи веќе со години ја воодушевува Европа, а кој на ТАКСИРАТ ќе настапи заедно и со извонредната американска артистка ТК Вондер;

САНАТОРИУМ – најзначајната македонска треш метал група која на гостински терен се запиша како домаќин на легендите на светската метал сцена Soulfly, Motorhead, Slayer и други;

ФОЛТИН – една од најуникатните групи во современата музичка историја на Македонија која годинава одбележува 20 години постоење и

ЧИСТА ОКОЛИНА – рап-пионерите кои веќе 20 години уживаат култен статус кај целата андерграунд публика во Македонија, а без кои оваа вечер не би била комплетна!

Македонско „Ол-стар“ финале на ТАКСИРАТ 18!
АРХАНГЕЛ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, САНАТОРИУМ, ФОЛТИН и ЧИСТА ОКОЛИНА на иста сцена, во иста вечер!

За заокружување на годинашното издание, ТАКСИРАТ ја претставува главната вечер на фестивалот, како „Ол стар“ вечер со најголемите македонски музички имиња во живо! Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, ТАКСИРАТ со огромно задоволство, на големата бина во Метрополис Арена ќе ги претстави легендарните македонски музички уметници кои ги поставија темелите во музичкиот развој за сите следни генерации кај нас, со остварувања кои ги надминаа границите на земјава!

Вечерта со свој настап ќе ја отвори годинашниот победник на ЛУЗЕР ФЕСТ, групата CONTACT 59.
На Таксират: Македонски звучи супер!

БИЛЕТИ:
* ПРЕТПРОДАЖБА – 650 денари;
* НА ВРАТА – 800 денари.

Покрај регуларните, достапни се и галерија-билетите по цена од 1000 денари, за сите оние кои главната вечер ќе сакаат да ја проследат од галеријата на Метрополис Арена.
Билетите се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Во Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална Сала, Нептун Стадион, Нептун City Mall, Нептун Аеродром; Кафе Браво, Кафе Круг, Розе Веро 2,
• Во Охрид: New Tobacco;
• Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани, Штип, Прилеп, Битола
• Во Битола:Хард Рок Кафе
• Во Куманово: Кафе Агора
* Онлајн на mktickets.mk/taksirat18