SlobodanВеројатно, многумина го познаваат Бобан како сопственик и промотер на еден од најголемите фестивали во Словенија – „MetalDays“, каде што е одговрен за целосниот менаџмент и букинг на фестивалот. Но, всушност тој е „главен“ на уште четири други фестивали: „Punk Rock Holiday“, „Winter Days of Metal“, „Motör- City“ и „Overjam Reggae Festival“. Сиот свој живот го поминал во музичката индустрија, свирел во повеќе бендови, бил менаџер, дури и сопственик на студио за снимање, каде работел мастеринг и продукција.