RichardРичард Зијлма работел како продуцент на неколку фестивали во Холандија, меѓу кои и „Eurosonic Noorderslag“. Тој е во „Amsterdam Dance Event“ уште од самите почетоци, а веќе од третото издание станува и генерален менаџер на настанот. ADE започнува во 1996 година како три дневна конференцијa, а прераснува во најважната конференција и највлијателниот настан на глобално ниво, кога станува збор за „денс“ музичката сцена. ADE во секој поглед ја исполнува мисијата на платформа каде главните играчи во електронската-денс музичка индустрија се поврзуваат, остваруваат соработки и имаат взаемна корист преку размена на знаење.