03-12-2018 - 04-12-2018

Младински Културен Центар

MKTickets Logo

Купи карта online
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

03.12.2018 – SOLD OUT

04.12.2018 – 500ден.

Годинава во рамки на 20-тиот ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, еден од најавтентичните автори во регионов, Рамбо Амадеус пред македонската публика конечно ќе го претстави неговиот веќе славен театарско-сценски перформанс „Вечер на гломазна поезија“ кој ќе се одржи на 3-ти декември во кино „Фросина“во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Популарниот музичар и мултимедијален уметник Антоније Пушиќ повеќе познат како Рамбо Амадеус во овој уникатен проект ја претставува својата поезија во придружба на клавирскиот маестро Иван Алексијевиќ – Панчевац. Со ова гостување, македонската публика за прв пат ќе има прилика да ужива во театарско-сценската програма со трагикомична содржина, која претставува комбинација на неговата експресивна, метафорична, духовита и саркастична поезија, проза и филозофија, а со која тој веќе неколку години гостува ширум регионот и Европа, предизвикувајќи помешани чувства кај публиката која возвраќа со налети на смеа, скандирање, громогласни аплаузи, но и тага и загриженост.

Важејќи за еден од најоригиналните музичари на Балканот, Рамбо Амадеус со својот израз секогаш бил многу близок до театарската форма, а „Вечер на гломазна поезија“ тој самиот ја опишува како „единствена претстава која на лаконски, сликовит и непретенциозен начин го сецира општеството и поединецот кој се обидува да опстане во него и да го пронајде своето парче среќа“. Имено, тој со клавирската придружба на извонредниот Иван Алексијевиќ, ги чита, рецитира, прераскажува и модифицира „најгломазните“ текстови од својот голем опус, постојано восхитувајќи ја публиката со која воедно негува посебен однос во овој перформанс.

Атмосферата на „Вечер на гломазна поезија“, како што објаснува самиот Рамбо, е најблиска до она што денеска се нарекува стенд-ап комедија, „но е сепак малку е поизопачена и попрво би се кажало дека тоа е стенд-ап трагикомедија“!

Билетите се веќе пуштени во продажба и во многу лимитиран број можат да се купат преку продажната мрежа на МкТикест по цена од 500 денари.

Продажни места

СКОПЈЕ

  • Југотон, ГТЦ 1ви кат | Контакт: 2 323 9860 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 09-15ч.
  • Универзална Сала, бул. Партизански одреди бб | Контакт: 2 324 5614 | пон-пет: 12-20ч.
  • Т. А. Атлантик Турс, ул. Стале Попов 9 | Контакт: 2 3109 825 // 2 3109 826 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 09-15ч
  • Тобако 2 – Аеродром, бул. Јане Сандански | пон-нед: 07-24ч.
  • Тобако Југодрво, бул. Кочо Рацин 9 (Кај Олимписки Базен) | пон-нед: 07-24ч.
  • Т. А. Атлантис, бул. “Јане Сандански” бр.82/1-12 , Т.Ц Бисер, о.Аеродром | Контакт: +389 2 60 92 212
  • Билетарница МКЦ, кеј Димитар Влахов 15 |вто-саб: 13-20ч.

ШТИП

  • Coffee Lab, Кеј Маршал Тито | Контакт: (032) 605 222 | нед-пет: 08-24ч. / саб: 08-01ч.

ПРИЛЕП

  • T.A. Бран, ул. Пере Тошев 75 | Контакт: (048) 411-188 // (048) 434-606 | пон-пет: 08.30-20.30ч. / саб: 08.30-18ч.

ВЕЛЕС

  • T.A. Атлантис, ул. Стале Попов 9, Скопје 1000 | Контакт: 2 3109 825 // 2 3109 826 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 09-15ч.

ГОСТИВАР

  • Вона Пет, ул. Живко Брајковски 15 | Контакт: 078 399 228

СТРУМИЦА

  • Кафе Бар Концепт, ул. Благој Јанков Мучето 30 | Контакт: 075 347 502 | пон-пет: 08-01ч. / саб: 09-01ч.
  • Т.А. Атлантис, ул. Димитар Влахов 18, | Контакт: +389 34 345 212

БИТОЛА

  • Т.А. Ана Турс, Комплекс „Безистен“ | Контакт: (047) 203 580 | пон-пет: 09-16ч. / саб: 09-14ч.

КАВАДАРЦИ

  • Т.А. Атлантик Турс, ул. Илинденска | Контакт: (043) 420 885 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 09-15ч.

ОХРИД

  • Т.А. Глобус Травел, ул. Кузман Јосифовски 2 | Контакт: (046) 611 511 // 078 421 454 | пон-пет: 09-21ч. / саб: 10-20ч.

КОЧАНИ

  • Т.А. Либеро Травел, ул. Теодосија Паунов 16/2, спроти КАМ | Контакт: (033) 272 800 // 072 272 800 | пон-пет: 08.30-20ч. / саб: 09-16ч.