Taksirat-Banners-01

Утре со концертот на KRAFTWERK – една од највлијателните и најзначајните електронски групи во светот чие музичко наследство е легендарно и вонвременско – започнува 20-тиот ТАКСИРАТ во Скопје! Како предводник на експерименталната сцена, со својата визија за иднината KRAFTWERK ја создаде музичката подлога за дигиталната ера на 21-виот век, а овој легендарен состав се враќа во Скопје по 13 години од нивното прво гостување кај нас и концертот кој сѐ уште важи за еден од најдобрите кои досега се одржале во Македонија. Уште повеќе, KRAFTWERK овој пат гостуваат со 3Д концерт од нивната исклучително успешна турнеја со која официјално ја отвораме и програмата за прослава на 20-ката на Таксират!

Прво и најважно: ДА, KRAFTWERK ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ! Утре (27-ми февруари) легендарниот колектив KRAFTWERK гостува со КОНЦЕРТ ВО ЖИВО кој ќе биде надополнет со специјалнo 3Д визуелно шоу. За таа цел, секој посетител при влез на концертот ќе добие и брендирани 3Д очила.

Концертот на KRAFTWERK ќе се одржи во вторник (27-ми февруари) во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Вратите на арената ќе бидат отворени за посетителите од 19:00 часот, а почетокот на концертот е во 20:30 часот. Во холот на арената ќе бидат сместени и продажни штандови за официјалниот merch, посебно подготвен за оваа турнеја.

Поради големиот број на посетители и со цел да се избегнат гужвите, за време на концертот во арената „Борис Трајковски“ во функција ќе бидат повеќе влезовиглавен влез (југ), ВИП влез (запад – од страна на лизгалиштето) и страничен влез (исток – од страна на базенот).

Сите оние кои билетите ги купиле онлајн ги известуваме дека нема да се врши замена на ваучерите за билети, туку задолжително треба да ги испечатат електронските ваучери (PDF документот во нивниот и-мејл) и да ги приложат при влез на концертот заедно со документ за лична идентификација. Оние онлајн купувачи пак кои сепак преферираат да имаат класичен билет за нивните колекционерски потреби, ќе можат да ја направат оваа замена веднаш по завршувањето на концертот, на билетарницата во арената „Борис Трајковски“.

При влегувањето на концерт сите посетители ќе се претресуваат за проверка на предметите кои се внесуваат. Во концертната сала, покрај храна и пијалоци како и вообичаено забранетите предмети, нема да смее да се внесува професионална и полупрофесионална аудио и видео опрема за снимање и пренос на концертот, што вклучува камери и фотоапарати со кои може да се користи објектив.

Ве молиме имајте предвид дека паркингот на Вип Арена „Борис Трајковски“ е со лимитиран капацитет, а поради големиот број на посетители и со цел да се избегне гужвата, наша препорака е да го користите јавниот превоз и околните паркинзи за возилата.

Сите заинтересирани посетители кои сѐ уште не ги набавиле своите влезници за концертот на KRAFTWERK ги известуваме дека фан-пит и партер билетите се целосно распродадени, а преостанатите билети за трибините, можете да ги купите прекупродажната мрежа на МКтикетс или онлајн на овој линк.

 

Related Projects