Taksirat2-1100x500

Веќе по 20-ти пат, зимата во Скопје е резервирана за ТАКСИРАТ, а со него доаѓа и ЛУЗЕР ФЕСТ – најдругарскиот настан посветен исклучиво на промоција на „демо“ музичарите и на најновите имиња од музичката сцена кај нас. ЛУЗЕР ФЕСТ како традиционален предвесник на финалната вечер на ТАКСИРАТ, оваа година ќе се одржи на 7-ми декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Конкурсот за пријавување е ОТВОРЕН и наменет за сите кои творат авторска музика, а кои досега немаат официјално издание! Разгласете и вие, зачестете ги пробите, пријавете се НАЈДОЦНА ДО 03-ти НОЕМВРИ и подгответе се заедно да ја покажеме поддршката за оние кои допрва ќе освојуваат на сцената!

Победникот на „Лузер Фест“ и оваа година ќе биде награден со снимање на својот прв студиски албум и негово објавување под капата на „Пасворд Продакшн“, а покрај главната награда, ТАКСИРАТ и годинава ќе ги вложи сите свои расположливи сили за поттик и промоција на најдобрите од новото издание на „Лузер Фест“ во рамки на музичките фестивали кај нас, во регионот и низ Европа.

Процедурата традиционално едноставна:

– за да се пријават на конкурсот, музичките групи или солисти треба во електронски формат на и-мејл адресата info@password.mk да достават
* две досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат),
* податоци за контакт,
* фотографија и
* кратка биографија на изведувачот/бендот.

ВАЖНО:
* „Пасворд“ ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“;
* Пријавените бендови треба да достават свои досега необјавени и неиздадени снимки, а во спротивно ќе бидат дисквалификувани;
* „Пасворд“ има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални и асоцијални мрежи;
* Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување.

ВЕ ЧЕКАМЕ СО СНИМКИ!

Related Projects