Утре (среда, 14-ти септември) во 12:00 часот започнува продажбата на билетите за концертот на легендарниот ЖАН-МИШЕЛ ЖАР во Скопје, кој ќе се одржи на 13-ти ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Во густиот концертен календар на Жан-Мишел Жар годинава, исполнет со најголемите и најпрестижните светски концертни подиуми, успеа да влезе и Скопје, со што македонската публика прв пат ќе има привилегија да ужива во неговиот сензационален перформанс наречен „Електроника“, чувствувајќи ја единствената енергија и емоции што произлегуваат од ова уникатно доживување.

Билетите ќе бидат достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и тоа во лимитиран број односно во продажба ќе бидат пуштени само 6000 билети, а со овој капацитет скопскиот концерт на Жан-Мишел Жар претставува своевиден ексклузивитет во неговата турнеја во чии рамки тој настапува пред повеќекратно повеќе публика. Но и покрај тоа, цените на билетите за ова спектакуларно аудио-визуелно шоу се најповолни споредбено со европскиот пазар и повеќекратно пониски во споредба со цените за останатите концерти на Жан-Мишел Жар ширум светот.

Цени на билетите:
• партер: 1000 денари,
• фан пит: 1200 денари,
• блок 5, 6, 10, 11: 1200 денари,
• блок 7, 8, 9: 1300 денари,
• блок 3: 1500 денари,
• блок 2, 4, 12, 14: 1600 денари,
• ВИП (блок 13): 2000 денари.

shemabileti
Related Projects