volunteers-1100x500

ТАКСИРАТ ги повикува сите млади луѓе кои сакаат да станат дел од тимот на ТАКСИРАТ ВОЛОНТЕРИ и да стекнат драгоцени искуства на фестивалот, да се пријават на конкурсот „Таксиратирај и ти!“ до 10-ти ноември!

Како единствен фестивал од оваа големина и значење кај нас, ТАКСИРАТ веќе 18 години силно ги поддржува волонтерите, чиј ангажман пак е еден од најдрагоцените фактори за функционирањето на фестивалот. Имено, и самиот ТАКСИРАТ настана од општествениот активизам на младите, а во духот на постојаниот напредок тежнее и оваа година да ја афирмира волонтерската програма, поттикнувајќи ги младите да се активираат, да стекнат работни искуства и да се запознаат со многу луѓе од различни места.

Волонтирањето ќе трае пред и за време на настаните кои се одржуваат на ТАКСИРАТ фестивал (од 13-ти ноември до 10-ти декември), а по завршувањето на волонтирањето, волонтерите добиваат сертификат кој го докажува нивниот ангажман на фестивалот. Волонтерскиот тим на ТАКСИРАТ ќе биде поделен во соодветни групи и смени, а ќе биде ангажиран во помош и асистенција во различни сектори од фестивалската организација, акредитирање, прес-центар, билетара, хостинг на гости, фотографирање, средување и одржување на просторот, регулирање на влезови, помош при спроведување на панел-дискусии, помош на шанкови.

Сите заинтересирани кои сакаат да се пријават на конкурсот „Таксиратирај и ти!“ и да станат дел од овој голем тим на волонтери на ТАКСИРАТ, можат да се пријават на info@password.mk, најдоцна до 10-ти ноември.

Related Projects